Добренски манастир „Успение на пресв. Богородица“ (, Богородица Добра) — манастир кај селото Туркохор, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Наречен е по селото Добра, уништено во 1822 г.
Географија Манастирот се наоѓа југозпадно од Туркохор и на 3 км северно од градот Бер. Сместен е на југоистчните падини на планината Каракамен. На пописот од 2011 г. манастирот имал 28 жители.
Историја Манастирот е еден од најстарите во регионот. Точната година на основање е непозната. Се смета дека настанал во XII век, но во документите за првпат се спомнува дури во XVII век. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е ограбен и запален од Османлиите, а игуменот Герасим е обесен. Тамошното село Добра, родно место на револуционерот Атанас Караташо, е ограбено и опустошено. Црквата е обновена во 1844 г.
Со грчкото освојување на Македонија по Балканските војни, во 1926 г. името Добра е преведено во Кали Панагија (Добра Богородица). Во 1950 г. на територијата на манастирот е изградено и сиропиталиште, кое работело сè до 1986 г. Во 1995 г. манастирот е обновен со своја обител. Старата црква — трикорабна базилика со дрвен покрив и егзонартекс, е реставрирана. Во манастирот работи и училиште за византиска хагиографија.
На 20 ноември 1991 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Манастири во Бер (општина) Категорија:Цркви во Бер (општина) Категорија:Манастири во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Цркви во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Споменици на културата во Бер (општина)