СОС Детско Село — независна, невладина, непрофитна меѓународна организација со седиште во Инсбрук, Австрија. Организацијата обезбедува хуманитарна помош за деца од ранливи категории и ги штити нивните интереси и права во државите ширум светот. Првото СОС Детско Село било основано во 1949 г. во покраината Тирол, Австрија од австрискиот филантроп Херман Гмајнер, по согледување дека многу деца останале напуштени и сираци по крајот на Втората светска војна. Денес СОС Детско Село е активно во повеќе од 135 земји во светот.
СОС Детско Село обезбедува згрижувачко семејство за децата без соодветна родителска грижа. Деца од различна возраст и потекло живеат заедно во куќа со родител со постојано присуство, обично жена која има улога на мајка на децата. Најчесто има 6 до 15 куќи во типичното СОС детско село. Освен дом за децата без родители, СОС има развиено повеќе програми и институции за поддршка на социјално загрозените и осиромашени семејства. Заклучно со 2017, повеќе од 85,000 деца и млади биле вдомени во СОС детските села или младинските установи. Дополнителни 3,8 милиони деца и родители биле вклучени во програмите од СОС.
СОС Детско Село функционира од владини и приватни донатори. Здружението во Македонија било основано во 2001, додека првото дете било згрижено во 2002 година. Освен вдомување, СОС делува превентивно кај семејствата во социјален ризик и спречува децата да останат без родителска грижа. Македонското СОС Детско Село нуди советодавна услуга за овие семејства, а има учествувано и во подготовка на закони од областа на социјалната политика и заштита на детските права.
Кампањи Ајде да менуваме животи! Од септември 2021 г. СОС Детско Село во Македонија започнало кампања под слоганот Ајде да менуваме животи! со цел стекнување „СОС пријатели“, односно посветени месечни донатори, чии средства се наменети за поддршка на децата и младите од СОС Детско Село. Во кампањата се ангажирани СОС претставници на терен, кои им објаснуваат на потенцијалните донатори за работата на СОС Детско Село, и помагаат за остварување на мисијата на СОС.
Меѓународни претставништва СОС Детско Село е присутно во повеќе од 135 земји во светот, кои се наведени подолу по региони. СОС претставништвата во овие земји обезбедуваат активна поддршка за децата и семејствата. Во државите означени со ѕвездичка СОС Детско Село е присутно како канцеларија чија задача е собирање средства и создавање јавна свест за овие социјално ранливи категории.
АфрикаСОС Детско Село во Африка Алжир Ангола Бенин Боцвана Буркина Фасо Бурунди Камерун Зелен Рт Централноафриканска Република Чад Брегот на Слоновата Коска Демократска Република Конго Џибути Египет Екваторска Гвинеја Етиопија Гамбија Гана Гвинеја Гвинеја-Бисао Кенија Лесото Либерија Мадагаскар Малави Мали Маврициус Мароко Мозамбик Намибија НигерНигерија Руанда Сенегал Сиера Леоне Сомалија Сомалиленд Јужна Африка Јужен Судан Судан Свазиленд Танзанија Того Тунис Уганда Замбија Зимбабве
АмерикаСОС Детско Село во Америка Аргентина Боливија Бразил Канада Чиле Костарика Доминиканска Република КолумбијаЕквадор Ел СалвадорГватемала ХаитиХондурас Јамајка Мексико НикарагваПанама Парагвај Перу Уругвај Соединети Американски Држави Венецуела
АзијаСОС Детско Село во Азија Ерменија Азербејџан Бахреин Бангладеш Камбоџа Кина ГрузијаИндија ИндонезијаИзраелЈапонијаЈордан Казахстан Кувајт Киргистан Лаос Либан Монголија Непал Оман Катар Пакистан Палестина Филипини Саудиска Арабија Јужна Кореја Шри Ланка Сирија Тајван Тајланд Обединети Арапски Емирати Узбекистан Виетнам
ЕвропаСОС Детско Село во Европа Албанија Австрија Белорусија Белгија Босна и Херцеговина Бугарија Хрватска Чешка Данска Естонија Финска Франција Германија Грција Унгарија Исланд Италија Косово Летонија Литванија Луксембург Македонија Холандија Северен Кипар Норвешка Полска Португалија Романија Русија Србија ШпанијаШведска Швајцарија Украина Обединето Кралство
ОкеанијаСОС Детско Село во Океанија Австралија Француска Полинезија
Наводи
Надворешни врски СОС Детско Село Македонија SOS Children's Villages
Категорија:Меѓународни хуманитарни организации Категорија:Организации основани во 1949 Категорија:СОС Детско Село