Света Ксенија и Свети Нектариј () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа во населбата Харилау, на улица „„Папанастасиос“ бр 127. Изградена е од 1922 до 1924 г. од грчките доселеници од Мала Азија и претставува нивен парохиски храм. Нејзината изградба ја овозможил претседателот на Првото градежно друштво Епаминондас Харилаос и храмот го нарекол по мајка му Поликсена.
По завршувањето на новиот парохиски храм „Св. Ксенија“ (1967), сместен на улицата „Мараслис“, црквата го добила името „Св. Ксенија и Св. Нектариј“ и станала негов параклис, но продолжила да работи како редовна парохиска црква. Свети Нектари е додаден како покровител бидејќи на ова подрачје живееле многу старостилци, и за да се истакне дека црквата е потчинета на Солунската митрополија. Во 1979 г. црквата е целосно обновена, вклучувајќи ги ѕидовите, покривот и фасадата. Во 1993 г. е изработен резбан иконостас по цена од 5.800.000 драхми, на кој има икона на Света Ксенија од 1945 г. Во 2013 г. се извршени нови подновителни зафати.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Ксенија Нектариј Ксенија Нектариј, Солун Категорија:Појавено во 1924 година