Свети Бессребреници Кузман, Пантелејмон и Дамјан () — црква во селото Богатско, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа на јужниот крај на селото и претставува гробишен храм. Сместена е до храмот „Св. Апостоли“, една од двете парохиски цркви на Богатско. Изградена е во XVIII век. Градбата е мала камена базилика. Иконостасот е прост, со три големи престолни икони, царски двери и неколку апостолски икони. На царските двери е претставено Благовештението и пророците Давид и Соломон. Десно од дверите е иконата на Исус Христос Голем Архијереј седнат на владички престол и благословува со десната рака, а во левата држи отворено евангелие. Во долниот дел иконата е потпишана „δια χειρός Αναγνώστου Ανασιλτσιώτου“. Од другата страна на дверите е иконата на Богородица Неовенлив цвет, седната на престол и облечена во сина камизола и жолт мафорион со жезол и две отворени книги. Лево го држи Исус кој благословува со десната рака, а од обете страни има ангели со свитоци со химни. Во долниот десен агол иконата има натпис „δέησις τοις δούλοις του Θεού /....νας και των τέκνων / αυτής εις Μνημόσυνον αυτών / έτει χιλιοστώ οκτακοσιοστώ τεσαρακοστώ πέμπτου / χειρ Αδάμ Αναγνώστου...“ До иконата на Христос е иконата на Светите Бессребреници Кузман, Пантелејмон и Дамјан. Тројцата светци-лекари се раскошно облечени, и секој од нив држи медицинска кутија и пинцета. Во долниот дел на претставата има нечитлив дарителски натпис. Апостолските икони се 13 од различни времиња. Десниот проскинитар е посветен на Свети Никола и има впечатлива стара икона, а другият е посветен на Свети Пантелејмон, чија икона е понова.
Икони
Поврзано Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Надворешни врски
Бессребреници, Богатско Бессребреници, Богатско