Осово (, во превод: Сенчеста Река; до 1969 г. Όσοβο) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Рулска Река (Ладопотамос). Влегува во сливното подрачје на Бистрица.

Опис Реката извира во југоисточниот дел на Д’мбенска Планина северно под врвот Костолата (1.714 м). Тече на север и западно од врвот Караули (1.591 м) свртува на исток. Прима неколку притоки, неколку потоци кои извираат под врвовите Рамбатина (1.674 м), Караули, Попова Нива и Полени (1.632 м). Излегува од планината и се влева во Рулска Река северно од селото Габреш.По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“

Поврзано Корешта

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Костур (општина) Категорија:Бистрички слив (егејски) Категорија:Д’мбенска Планина