Јуџин Ајзексон (1919–2008), ― математичар од Соединетите Држави кој бил пионер на современата нумеричка анализа. Тој бил дипломец по математика и физика на Градскиот колеџ во Њујорк, а потоа влегол во програмата за последипломски студии по математика на Њујоршкиот универзитет под надзор на Курт Ото Фридрихс, добивајќи докторат на водени бранови на коси плажи во 1949 година. Неговата академска кариера потоа ја поминал во Курантовиот институт до неговото пензионирање.
И покрај почетниот интерес за топологијата, Ајзексон работел во поголемиот дел од својата кариера во применета и пресметковна математика и е најпознат по неговата работа на нумеричко решение на диференцијални равенки. Неговата книга со Херберт Келер, „Анализа на нумерички методи“, била водечки учебник во тоа време.
Работел како уредник за „Математика на пресметување“ и „Списанието на СИАМ за нумеричка анализа“.
Посебно издание на „Математика на пресметување“ било објавено во 1989 година за да го прослави неговиот 70-ти роденден. Соработниците ги вклучиле неговите синови Дејвид и Ели Ајзексон, исто така математичари, кои заедно напишале труд за овој том. Трудот е посветен на нивниот татко и нивната мајка Муриел „за тоа што ја овозможиле оваа соработка“.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Дипломци на Њујоршкиот универзитет Категорија:Дипломци на Градскиот колеџ во Њујорк Категорија:Соединетодржавски Евреи од 21 век Категорија:Соединетодржавски Евреи од 20 век Категорија:Научнопресметувачки истражувачи Категорија:Професори на Њујоршкиот универзитет Категорија:Соединетодржавски научници со еврејско потекло Категорија:Соединетодржавски математичари од 21 век Категорија:Соединетодржавски математичари од 20 век Категорија:Починати во 2008 година Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Бројчени аналитичари