Света Варвара () — црква во селото Жупан, Населичко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Шишанско-сачишката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1867 г. Се наоѓа во Долното Маало на селото и подигната е врз стара црква. Влезот на храмот има резбани столбови и камени релјефи на херувими — прекрасен пример за преродбеничката уметност. Според традицијата, летото 1777 г. во црковниот двор на „Св. Вардара“ Козма Етолски им порачал на селаните „кога ќе дојде злото да ги напуштат домовите и да се упатат кон Румани“, покажувајќи им го местото на параклисот „Св. Спас“ на ридот Румани. Селаните го запомниле ова предание, и така постапиле за време на германската окупација.
Поврзано Шишанско-сачишка епархија
Наводи
Атанасиј, Жупан Атанасиј, Жупан Категорија:Појавено во 1867 година