Ефто Пупиновски (р. во ) — македонски пејач.

Животопис

Ефто е роден во Струга на 2 јуни 1953 година, тој е еден од доајените на македонската музика. Едни од најпознатите негови песни се: Лихнида кајче веслаше, Туѓа си бескрајно, Тинке Катинке, Сакам да сум крај тебе, Прости ми душо моја, Врати се бела Марија, Ах, ах Ана, Пеј со добро вино, Дено Денице, Грлото ме издаде и многу други песни. Неговиот брат Секула Пупиновски е исто така познат пејач.

Во 1986 година на Макфест настапил со песната Удрете тапани. Исто така во 1986 година настапува и на Фолк Фест Валандово со песната Лихнида кајче веслаше каде што победил со прва награда од публиката.

Тој во неговата кариера имa испеано многу авторски песни, од кои има 2 дуети, големи хитови со Блага Петреска Песна може се (композитор: Миле Барбаровски) и Зоро моја Зориче (композитор: Ефто Пупиновски), во 2003 година со Атина Апостолова настапуваат на Фестивалот Филиграни со песната Скопските боеми, со Сузана Спасовска имаат една заедничка песна насловена како Ќе се женат другари од 2005 година, текстот на песната е нивен, музика на Ефто и аранжманот е на Сашо Ливрински.

Во 1987 година го одржува својот прв соличтички концерт во Универзалната сала во Скопје. После него истата година одржал 8 солистички концерти во Австралија и низ европските земји во концертни сали. Во Универзалната сала одржал концерти уште три во 1989, 1990 и 2014 година.

Во 2014 година тој направи голем јубилеен солистички концерт во Универзалната сала во Скопје по повод 40 години јубилеј, на концертот гости му биле: Блага Петреска и Ѓоко Танески, на концертот го придружувала познатата група Група Академци.

Во 2015 година тој снимил нови песни и албум. Во 2016 година снимил нова авторска песна со Група Маестро Песна за невестата. Во 2018 година издал нов албум наречен Носталгија. Во 2020 година снима 2 нови песни Свадбен танц и Ти ме веселиш. Во 2022 година настапил на Фолк Фест Валандово со песната Изгубени души со која освоил втора награда на фестивалот, во 2023 година настапил со песната Опојна роза и во 2025 година со песната Три извора, три изгора.

Награди и признанија Ефто е добитник на повеќе награди, меѓу кои:

Награда на Макфест за песната Удрете тапани (1986) Награда од жири-комисијата на Фолк Фест Валандово за песната Лихнида кајче веслаше (1986) Награда од жири-комисијата на Фолк Фест Валандово за песната Ти си ми верна месечино (1992) Награда на фестивалот "Канбета" во Австралија за песната Туѓа си бескрајно" трета награда од публиката (1992) Награда на фестивалот "Цветници" за песната Песна може се заедно со Блага Петреска која ја освоија првата награда од жири-комисијата (1992) Награда на Фолк Фест Валандово за песната Спомен Валандовски прва награда од публиката (2000) Награда за најдобра интерпретација на "Филиграни" заедно со Атина Апостолова за песната Скопските Боеми (2003) Награда за најдобра интерпретација на Фолк Фест Валандово" за песната Грлото ме издаде (2007) Награда за најслушана песна на "Валандово" за песната Грлото ме издаде (2008) Во 2010 година на Фолк Фест Валандово ја добил специјалната награда "Антологија" за песната Лихнида кајче веслаше (2010) Награда за најдобра интерпретација на "Валандово" за песната Ми зароси роса (2011) Награда за животно дело на "Фолк Фест Роса" (2013) Награда за животно дело, по повод 40-години кариера (2014) Награда на Фолк Фест Валандово за песната Изгубени души'' (2022) Награда за животно дело Златна бубамара на популарноста (2023)

Спотови Спот Година Режија Лихнида кајче веслаше 1990 МТВ Песна може се 1992 МТВ Зоро моја Зорице 1993 Благоја Марковски Ќе се женат другари 2005 МТВ Душо моја 2015 Дај боже 2015 Верувај во љубовта 2015 Голем мерак 2015 Слава славам 2015 Прости ми душо моја 2015 Удрете тапани 2015 Кај ме залуди Калино 2015 Еј чашо празна чашо 2015 Биди силна каде и да си 2015 Туѓа си бескрајно 2018 Миле Грозданоски Никогаш 2018 Миле Грозданоски Грлото ме издава 2018 Миле Грозданоски Благослов 2018 Миле Грозданоски Пеј со добро вино 2019 Миле Грозданоски Ајде галоп коњи мои 2019 Миле Грозданоски Либе Марија 2019 Миле Грозданоски Песна може се 2024 МРТ 1

Надворешни врски Ефто Пупиновски на YouTube Ефто Пупиноски на Facebook — Фан страна Профил на Ефто Пупиноски , Музички регистар.

Наводи

Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски поп-фолк пејачи Категорија:Македонски фолк пејачи Категорија:Македонски композитори