Глигор Стојковски (, ) — македонски поет, новинар, уредник, публицист. Член на Друштвото на писателите на Македонија.

Животопис Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во „Нова Македонија“ (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот „Лик“ (1985-1998), новинар во „Утрински весник“ (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на „Култура“.

Книжевно творештво Глигор Стојковски е автор на книгите: „Починка во чисти честички“ (1979), „Пајак“ (1984), „Очно дно“ (1990), „Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин“ (1992), „Студена минута“ (1993), „Зад билката, молк“ (1995), „Земјата сама ќе се отвори“ (избор) (1996), „Заборавено око на небото“ (1997), „Капката оловна вода“ (избор) (2008). Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.

Наводи

Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски публицисти Категорија:Членови на ДПМ