Ана Димишковска (, ) — македонска универзитетска професорка.Биографија на страницата на fzf.ukim.edu.mk
Кариера Ана Димишковска дипломирала и магистрирала на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во април 1995 година, таа се вработила на Филозофскиот факултет во Скопје како помлад асистент при Институтот за филозофија. Докторската дисертација на тема „Логичките аспекти на правното расудување“ ја одбранила во јануари 2006 година, на Филозофскиот факултет, со што се стекнала со звањето доктор на науки од научната област филозофија. Во октомври истата година била избрана во звањето доцент. Во јуни 2011 годинa станала вонреден професор, а во мај 2016 година го добила звањето редовен професор на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.
Во 2017 година, таа го добила одликувањето „Витез од редот на академските палми“, што го доделува владата на Франција за посебни заслуги во областа на образованието и културата.
Ана Димишковска е автор на поетската книга „Некаде помеѓу“ од 2007 година.
Наводи
Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски поети Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје