Нарушување во исхраната ― ментално нарушување дефинирано со абнормално однесување кон исхраната кое негативно влијае на физичкото или менталното здравје на една личност. Само едно нарушување во исхраната е можно да се дијагностицира во одреден период. Видови на нарушувања во исхраната вклучуваат нарушување со прекумерна исхрана(BED), каде што пациентот јаде голема количина храна за краток временски период; анорексија нервоза, каде што лицето има интензивен страв од зголемување на телесната тежина, ја ограничува храната или прекумерно вежба за да го спречи овој страв; булимија нервоза, каде што поединците јадат прекумерно количество, а потоа се обидуваат да се ослободат од храната (прочистување); пика, каде што пациентот јаде нехранливи материи како кал,глина,лепило и сл.;синдром на руминација, каде што пациентот регургитира несварена или минимално сварена храна; нарушување на избегнување/рестриктивно внесување храна (ARFID), каде што луѓето имаат намален или селективен внес на храна поради некои психолошки причини (види подолу); и група други наведени нарушувања во хранењето или исхраната. Анксиозните нарушувања, депресијата и злоупотребата на супстанции се вообичаени кај луѓето со нарушувања во исхраната. Овие нарушувања не ја вклучуваат дебелината.
Причините за појава на нарушувањата во исхраната не се јасни, иако се чини дека и биолошките и еколошките фактори играат улога. Се верува дека културната идеализација на нереалистична слика за физичкиот изгед придонесува за некои нарушувања во исхраната. Исто така поединци кои доживеале сексуална злоупотреба имаат поголема веројатност да развијат некое нарушување во исхраната. Некои пореметувања како што се пика и пореметување на руминација се јавуваат почесто кај лицата со интелектуална попреченост.
Третман за лекување може да биде делотворен за многу нарушувања во исхраната. Третманот варира во зависност од нарушувањето и може да вклучува советување, совети за исхрана, намалување на прекумерното вежбање и намалување на обидите за елиминирање на храната. Лекови може да се користат за да помогнат со некои од асоцираните симптоми со нарушувањето. Во посериозни случаи може да биде потребна хоспитализација. Околу 70% од луѓето со анорексија и 50% од луѓето со булимија се опоравуваат во рок од пет години. Само 10% од луѓето со нарушување во исхраната добиваат третман, а од нив, приближно 80% не добиваат соодветна грижа. Многумина се испратени дома неколку недели порано од препорачаниот престој и не го добиваат соодветниот третман. Закрепнувањето од нарушување на прекумерната исхрана е помалку јасно и се проценува на 20% до 60%(BED). Обете анорексијата и булимијата го зголемуваат ризикот за смрт.
Проценките за распространетоста на нарушувањата во исхраната варираат во голема мера, имајќи ги в превид разликите во полот, возраста и културата, како и методите што се користат за дијагноза и мерење. Во развиеното општество, анорексијата влијае на околу 0,4%, а булимијата влијае на околу 1,3% од младите жени во една година. Нарушувањето со прејадување(BED) влијае на околу 1,6% од жените и 0,8% од мажите во една одредена година. Според една анализа, процентот на жени кои би имале анорексија во одреден момент од нивниот живот може да биде до 4%, или до 2% за булимија и нарушувања со прекумерна исхрана(BED). Застапеноста на нарушувања во исхраната се чини дека е пониска во помалку развиените земји. Анорексијата и булимијата се јавуваат речиси десет пати почесто кај жените отколку кај мажите, но сепак тоа не значи дека не се појавуваат и кај мажите. Типичен почеток на нарушувања во исхраната е во доцното детство до раната зрелост. Застапеноста на други нарушувања во исхраната не се јасни.
Класификација
МКЗ и ДСМ дијагнози Следниве нарушувања во исхраната се наведени како ментални нарушувања и се сретнуваат во стандардните медицински прирачници, вклучувајќи ги МКБ-10 и ДСМ-5.
Анорексија нервоза (АН) е ограничување на внесот на енергија несоодветен на потребите, што доведува до значително ниска телесна тежина во контекст на возраста, полот, развојната траекторија и физичкото здравје. Тоа е придружено со интензивен страв од дебелеење или имање прекумерна тежина, како и нарушување во начинот на кој се доживува и ја проценува својата телесна тежина или облик. Постојат два поттипа на АН: ограничувачки тип и тип на прекумерна исхрана/прочистување. Ограничувачкиот тип презентира губење на тежина кое се постигнува преку диета, пост и/или прекумерно вежбање, со отсуство на однесување на прекумерна исхрана/прочистување. Типот на прекумерно јадење/прочистување претставува состојба во која поединецот има повторливи епизоди на прејадување и однесување на прочистување, како што се самоиндуцирано повраќање, злоупотреба на лаксативи и диуретици. Степенот на АН се одредува според БМИ, со БМИ под 15 забележани како најекстремни случаи на нарушување. Пубертетните и постпубертетските жени со анорексија често доживуваат аменореа, или губење на менструалните периоди, поради екстремното губење на тежината со кое се соочуваат овие лица. Иако аменореата беше задолжителен критериум за дијагноза на анорексија во ДСМ-IV, таа беше отфрлена во ДСМ-5 поради нејзината ексклузивна природа, бидејќи мажите, жените во постменопауза или индивидуите кои немаат менструација од други причини би пропаднале,да го исполнат овој критериум. Жените со булимија, исто така, може да доживеат аменореа, иако причината не е јасна. Булимија нервоза (BED) се одликува со повторливо прекумерно јадење проследено со компензаторни однесувања како што се прочистување (само-индуцирано повраќање, јадење до точка на повраќање, прекумерна употреба на лаксативи/диуретици или прекумерно вежбање). Постот може да се користи и како метод за прочистување по прејадување. Сепак, за разлика од нервната анорексија, телесната тежина се одржува на или над минимално нормално ниво. Степенот на сериозноста на БН се одредува според бројот на епизоди на несоодветно компензаторно однесување неделно. Нарушувањето со прекумерно јадење (BED) се одликува со повторливи епизоди на прекумерно јадење без употреба на несоодветни компензаторни однесувања кои се присутни во поттипот БН и АН прекумерно јадење/прочистување. Епизодите на прејадување се асоцирани со јадење многу побрзо од нормалното, јадење сè додека не се чувствувате непријатно заситени, јадење големи количини на храна кога не чувствувате физичка глад, јадење сам поради чувството на засрамување од тоа колку јадете и/или чувство на гадење од себе, чувствување депресивно или чувство на вина после јадење. За да се постави дијагноза BED, мора да биде присутена изразена вознемиреност во врска со прекумерното јадење на самата личност, а прекумерното јадење мора да се случува во просек еднаш неделно во текот на 3 месеци. Степенот на BED се одредува според бројот на епизоди на прекумерно јадење неделно. Пика е упорно јадење на нехранливи, непрехранбени супстанции на начин кој не е соодветен или културно поддржан. Иако супстанциите што се консумираат варираат со возраста и достапноста, хартијата, сапунот, косата, кредата, бојата и глината се меѓу најчесто консумираните кај оние со пика дијагноза. Постојат повеќе причини за појава на пика, вклучувајќи анемија со дефицит на железо, неухранетост и бременост, а пика често се јавува во тандем со други нарушувања на менталното здравје поврзани со нарушена функција, како што се интелектуална попреченост, нарушување на спектарот на аутизам и шизофренија. За да биде оправдана дијагнозата на пика, однесувањето мора да трае најмалку еден месец. Синдром на руминација, каде што пациентот регургитира опфаќа повторено регургитација на храната, која може повторно да се џвака, повторно да се проголта или да се исплука. За да биде оправдана оваа дијагноза, однесувањето мора да трае најмалку еден месец, а регургитацијата на храната не може да се прeпише на друга медицинска состојба. Дополнително, нарушувањето на руминација е различно од AN, BN, BED и ARFID, и затоа не може да се појави во текот на една од овие болести. Нарушувањето со избегнување/рестриктивно внесување храна (ARFID) е нарушување во хранење или исхраната, како што е недостаток на интерес за јадење храна, избегнување врз основа на сетилните одлики на храната или загриженост за долгорочните последици од јадењето, што го спречува лицето да ги задоволи потребата на нутриционистичка енергија. Често се поврзува со губење на тежината, недостаток на исхрана или неисполнување на траекторијата на раст. Имено, ARFID се разликува од AN и BN по тоа што нема докази за нарушување на начинот на кој се доживува телесната тежина или обликот. Нарушувањето не се објаснува подобро со недостаток на достапна храна, културни практики, истовремена медицинска состојба или друго ментално нарушување. Друго одредено нарушување на начиниот на исхрана или начинот на исхранување (OSFED) е нарушување во исхраната или начинот на исхранување кое не ги исполнува целосните критериуми на DSM-5 за AN, BN или BED. Пример за лица со ова нарушување во исхраната(OSFED) вклучуваат индивидуи со атипична анорексија нервоза, кои ги исполнуваат сите критериуми за АН, освен тоа што имаат недоволна тежина и покрај значителното губење на тежината; , лица кои ги исполнуваат сите критериуми за БН, освен што булимичното однесување е поретко или не трае доволно долго; или пак за нарушување на прочистувањето и синдром на ноќна исхрана. Неодреден начин на исхрана или нарушување во исхраната (USFED) ги опишува нарушувањата во исхранувањето или исхраната кои предизвикуваат изразено вознемиреност и наштетуваат на други аспекти за функционирањето на личноста, но кои не ги исполнуваат целосните критериуми за која било од другите дијагнози. Специфичната причина зошто не ги исполнува критериумите за одредено нарушување не е наведена. На пример, USFED дијагноза може да се даде кога нема доволно информации за да се постави поконкретна дијагноза, како на пример во собата за итни случаи.
Останато
Компулсивно прејадување, кое може да вклучува вообичаено „пасење“ на храна или епизоди на прекумерно јадење без чувство на вина. Дијабулимија, која се одликува со намерна манипулација со нивото на инсулин од страна на дијабетичарите во обид да се контролира нивната тежина. Пијанкорексија, која вообичаено се одликува со намерно ограничување на внесот на храна со цел да се резервираат калориите од храната за алкохолни калории, прекумерно вежбање со цел да се согорат калориите од пиењето и прекумерно пиење алкохол со цел да се исчисти претходно консумираната храна. Одржување на исхрана, кое се одликува со збир на аберантни однесувања на начинот на исхранување на децата во установи за згрижување. Синдром на ноќна исхрана, кој се одликува со ноќна хиперфагија (консумација на 25% или повеќе од вкупните дневни калории после вечерниот оброк) со ноќни голтања, несоница, губење на утринскиот апетит и депресија. Ноќно пореметување во исхраната поврзано со спиење, кое е парасомнија која се одликува со јадење, вообичаено надвор од контрола, додека сте во состојба на NREM фаза од сонот, без сеќавање на истото следното утро. Гурмански синдром, ретка состојба која се јавува по оштетување на фронталниот лобус. Поединците развиваат опсесивен фокус кон храната со добар квалитет. Орторексија нервоза, термин што го користел Стивен Братман за да ја опише опсесијата со „чиста-здрава“ диета, во која личноста развива опсесија со избегнување на нездрава храна до точка каде што има лошо влијание на останатите аспекти од животот личноста.Too Much #Fitspo: When Healthy Eating Becomes an Eating Disorder , Glammonitor.com, 2015-4-29 Кливер-Бисиев синдромот, предизвикан од билатерални лезии на медијалниот темпорален лобус, вклучува компулсивно јадење, хиперсексуалност, хипероралност, визуелна агнозија и послушност. Прадер-Вилиев синдром, генетско нарушување поврзано со ненаситен апетит и морбидна дебелина.