„Утрото на бессоните“ — збирка раскази од македонскиот писател Андреј Ал-Асади, објавена во 2021 година од издавачката куќа Бегемот во рамките на библиотеката „Наше маало“.
Содржина Збирката содржи 13 раскази:Андреј Ал-Асади, Утрото на бессоните. Скопје: Бегемот, 2021. Розови јагниња Еден јазик Круг Вертикала Un amore grande! или Зини да ти кажам! Опачина Едно обично октомвриско утро Изгубената битка Недоречености Зелени полјани Разделба Утрото на бессоните Вуле Загазовиќ
За делото Во збирката, авторот одлучно и бескомпромисно го „истражува“ младиот човек во неговиот урбан контекст, во психолошката замрсеност, соочен со безизлезноста, заробеноста, несоодветноста, меланхоличноста, честопати отсликани со очудувачка и онирична форма, водејќи го читателот по патот на некоја друга, помалку позната или непозната свест и потсвест. Патот по кој авторот го води читателот минува низ фантастични и завиени предели, притоа искажувајќи ја „многуслојноста“ на себеспознавањето на главните ликови, но исто така, преточувајќи ја во алегорија за животот на урбаниот млад човек. Сето тоа авторот не го искажува со неосновна бунт и со младешки пркос, туку напротив, неговото пишување се одликува со самоуверена и концизна мисла која засега пошироки, универзални и безвремени прашања што ја измачуваат човечката мисла, како: себеспознавањето, духовноста, несфатеноста, младешкиот идентитет итн.
Технички одлики Книгата, со обем од 101 страница и со димензии од 19 сантиметри, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4869-50-4. Таа е испечатена во печатницата Графоден во тираж од 500 примероци, а издавањето на книгата било финансиски помогнато од министерството за култура. Графичкото уредување го направила Наталија Луковска, лектурата е дело на Ирена Ралева, а јазичната редакција на направил Филип Димевски.
Наводи
Категорија:Дела на Андреј Ал-Асади Категорија:Книги од 2021 година Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2021 година Категорија:Изданија на Бегемот Категорија:Македонски раскази