врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/66/Nuestra Señora de la Porteria Church, Daraga, Albay.jpg/220px-Nuestra Señora de la Porteria Church, Daraga, Albay.jpg|мини| Дарагашката црква е пример за земјотресна барокна архитектура со дебели потпори што ги носат ѕидовите. Земјотресен барок или сеизмички барок ― стил на барокна архитектура применуван на Филипините и Гватемала, кои претрпеле уништувачки земјотреси во текот на 17 век и 18 век, каде што големите јавни згради, како што се црквите, биле повторно изградени во барокен стил за време на шпанските колонијални периоди во тие земји."Antigua’s Environs – Antigua, Guatemala". BootsnAll Indie Travel Guide. Посетено на 11 септември 2022.
Слични настани довеле до Помбаловата архитектура во Лисабон по Земјотресот во Лисабон во 1755 година и сицилијанскиот барок на Сицилија по земјотресот во 1693 година. врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7c/Panay Church main entrance.jpg/220px-Panay Church main entrance.jpg|мини|безрамкаГоре па доле: влезот на Панајската црква со поглед на фасадните пиластри, потпорите на Паоајската црква.
Особености На Филипините, уништувањето на постарите цркви од честите земјотреси ги направиле површините на црквите сè помали и пошироки; страничните ѕидови биле направени подебели и силно потпрени за стабилност при тресење. Горните конструкции биле направени со полесни материјали."The City of God: Churches, Convents and Monasteries" . Discovering Philippines. Посетено на 11 септември 2022. Наместо полесни материјали, биле ставани потенки ѕидови со постепено намалување на дебелината до највисоките нивоа.
Камбанариите обично се пониски и поцврсти во споредба со камбанариите во помалку сеизмичките активни региони во светот.Finch, Ric. "Antigue Guatemala-- Monumental City of the Americas". Rutahsa Adventures. Посетено на 11 септември 2022. Камбанариите се подебели на пониските нивоа, постепено стеснувајќи сè до највисокото ниво. Во некои цркви на Филипините, освен што функционирале како караули против пиратите, некои камбанарии се настрана од главната црковна градба за да се избегне оштетување во случај на паѓање на камбанаријата поради земјотрес.
Поврзано
Барокни цркви во Филипини
Наводи
Надворешни врски
„Земјотресен барок: Паоајска црква во Илокос“ од Друштвото за заштита на наследството „Св. Петар Уертски“, црква од земјотресен барок Земјотресни барокни цркви во Филипините
Категорија:Земјотресно инженерство Категорија:Барокна архитектура во Филипини Категорија:Барокна архитектура во Шпанската Империја Категорија:Барокни архитектонски стилови