Енгелани или Енхелеи ― палеобалканска популација, која ги населувала териториите во југозападниот дел на Македонија, областите околу Охридското езеро. Најстаро познато население во Охридско-струшкиот регион.

Најверојатно припаѓале на горномакедонската група племиња. Последен пат се споменуваат во 3 век п.н.е. за време на војната на македонскиот крал Филип V против Илирите.

Наводи

Надворешни врски ПРАИСТОРИСКИТЕ НАРОДИ ЕНХЕЛЕИ, ПЕЛАГОНЦИ И ПЕОНЦИ

Категорија:Античка Македонија