Хобсов Брег () — дел од бреговата линија на Земјата на Мери Берд на Антарктикот од ’ртот Беркс до точка на брегот спроти источната страна на осровот Дин () или помеѓу Рупертовиот Брег на запад и Бакутисовиот Брег на исток. Се протега од 136°50′ ЗГД до 127°35′ ЗГД.

Брегот е откриен од Антарктичката служба на САД (1939–1941) и наречен по професорот Вилијам Хобс од Мичигенскиот универзитет, глациолог со специјалност по поларна географија и историја. Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) целосно го картирал брегот со копнен земјомер и воздушни снимки на воената морнарица во периодот од 1959 до 1965 г.

Извори

Категорија:Брегови на Антарктикот Категорија:Земја на Мери Берд