мини|250п|Океанографско закотвување на плочата, 2009 г. Фимбулска Ледена Плоча () — ледена плоча на Брегот на Принцезата Марта на Антарктикот. Има димензии од 200 × 100 км, и се напојува од ледникот Јутулстраумен, на границата со брегот на Земјата на Кралицата Мод, од 3° ЗГД до 3° ИГД.

Бил снимен со воздушна фотографија за време на Третата германска антарктичка експедиција (1938–1939), а картиран од норвешки картографи од земјомери и воздушни снимки на Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952) како и од воздушна фотографија на Норвешката експедиција (1958–1959).

Наречен е Фимбулисен, што значи „џиновски мраз“ на старонордиски.

Поврзано Брег на Принцезата Марта Извори

Наводи

Надворешни врски Фимбулска Ледена Плоча — од горе до долу

Категорија:Ледени плочи на Антарктикот Категорија:Земја на Кралицата Мод