Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Вакуф; скратено: ПООУ „Кочо Рацин“) — подрачно основно училиште во селото Вакуф, претставува единка на училиштето истоименото училиште од градот Кратово.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Вакуф, сместено во средишниот дел на маалото Стојкарци.

Градба

Објектот е во добра состојба.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кратово Вакуф Категорија:Вакуф