врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/79/Wfm antarctic peninsula islands.png/300px-Wfm antarctic peninsula islands.png|мини|300x300пкс|Карта со станицата означена со „C“

База „Генерал Бернардо О'Хигинс Рикелме“, или Бернардо О'Хигинс, именувана по Бернардо О'Хигинс — трајно екипирана чилеанска истражувачка станица на Антарктикот и главниот град на комуната Антарктика. Лежи во , на надморска височина од 13 метри, околу 30 км југозападно од Прајм Хед, најсеверната точка на Антарктичкиот Полуостров, кај Легопиловиот ’Рт.

Историја Базата била основана на 18 февруари 1948 година од страна на Чилеанската Антарктичка Експедиција и е една од базите на Антарктикот со најдолго време на континуирана работа. Бројот на екипажот во зимскиот период е 16 луѓе, додека во текот на летниот период овој број е обично 44, иако може да се сместат до 60 лица. Базата е управувана од чилеанската армија. Позната е и како Пуерто Ковадонга по пристаништето на кое се наоѓа.

Германската Антарктичка Приемна Станица (ГАПС) е основана во О'Хигинс во 1991 година од страна на Германскиот авиовселенски центар. Станува збор за сателитска копнена станица сместена на Антарктикот за да овозможи прием на податоци од сателитски сензори во јужнополарниот регион, кои инаку би можеле да се изгубат. Сензорите со висок пропусен опсег, како што е SAR, генерираат премногу податоци за да се складираат на сателитот за пренос на копнени станици на друго место. ГАПС бил сместен во О'Хигинс поради геологијата, инфраструктурата и пристапноста на базата.

Триесетина случаи на КОВИД-19 биле пријавени на истражувачката база на 22 декември 2020 година. Ова се првите пријавени случаи на континентот.

Историски локалитет Историскиот локалитет О'Хигинс на Легопиловиот ’Рт опфаќа структури од историско значење:

Оригиналната база била основана на 18 февруари 1948 година од претседателот на Република Чиле, Габриел Гонсалес Видела, првиот шеф на држава во светот што го посетил Антарктикот. Бистата на капитанскиот генерал Бернардо О'Хигинс била подигната во 1948 година спроти базата. На 12 август 1957 година била поставена плоча во спомен на поручниците Оскар Иностроза Контрерас и Серхио Понсе Тореалба. Грото Вирген дел Кармен, во близина на базата, е изграден во раните 1970-ти за да служи како место за духовно повлекување на персоналот на различни станици и експедиции на Антарктикот.

Местото било означено како историско место или споменик (HSM 37), по предлогот на Чиле на Консултативната средба на Договорот за Антарктикот .

Клима Базата Бернардо О'Хигинс доживува гранична поларна клима која е исклучително блиску до климата на поларна ледена покривка. Просечните годишни врнежи изнесуваат 771 милиметри, и се распространува прилично рамномерно во текот на годината, обично достигнувајќи маргинален врв за време на австралната пролет. Температурите се ниски во текот на целата година; најтопол месец е јануари со просечна месечна температура од , додека најстуден месец е јули со просечна месечна температура од .

Наводи

Надворешни врски Base General Bernardo O'Higgins Official website Instituto Antartico Chileno The O'Higgins Penguin Webcam (gentoo penguins; seasonal) Antarktis Station, a personal website about life at GARS O'Higgins. COMNAP Antarctic Facilities COMNAP Antarctic Facilities Map

Категорија:Историски места и споменици на Антарктикот Категорија:Чилеанска Антарктичка Територија Категорија:Антарктички станици Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Координати на Википодатоците