„Разделба со детството“ — збирка со песни и раскази за деца на Христина Аслимоска од 2005 година.
Содржина Книгата содржи 17 песни и 11 раскази:Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005. Песни Разделба со детството Да нема насилство Замисла, копнеж, вистина Ек на децата Првата љубов За љубовта Двете ѕвезди вечерници Времето Светулка Животна раскрсница Стоп за пороците Книгата Еко порака Големиот ден — Велигден За зимскиот распуст За мојата татковина Јазикот наш македонски
Раскази Македонија е наша заедничка мајка Траги низ минатото Животот најголем учител Спомени кои не се бришат Вистинското пријателство со љубов се стекнува Пилето во срцето ми помага да успеам во сè „Ромео и Јулија“ од нашата улица Пролетта ми буди преплавени чувства Прошетка во планината Тагата од моето детство Мојот свет
Технички податоци Книгата е објавена од издавачката куќа Детска радост во рамките на библиотеката „Млади таленти“. Дизајнот, ликовно-графичкото уредување и корицата се дело на Жарко Туниќ, а лектурата ја извршила Елена Георгиевска. Книгата, со димензии од 51 страница, е испечатена во печатницата „Летра“ во Охрид. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-721-0.Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 50-51.
За делото Во својот осврт, професорот Јордан Спасески истакнува дека во делото се гледа континуираниот раст и напредок во перцепцијата на авторката која, иако дете, пишува како возрасна личност. Основната тема на книгата е детството, кое за авторката буди само пријатни впечатоци, но таа ги чувстваува болката и страдањата на другите деца. Исто така, авторката тагува за своето детство, претчувствувајќи ги приликите и неприликите што ја чекаат во натамошниот живот. Таа е потполно свесна за разделбата со детството, ја разбира таа промена и без трауми влегува во новата етапа во животот. Од друга страна, во расказите, таа безгранично ја манифестира убавината на природата и на детската среќа во неа.Јордан Спасески, „Кон збирката РАЗДЕЛБА СО ДЕТСТВОТО (песни и раскази) од Христина Аслимоска“, во: Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 43-45. Писателот Видое Видичевски, пак, го истакнува необичниот приод на авторката да напише книга која е смеса на поезија и проза. Притоа, двете основни теми во книгата се пејзажот и човечката интима. Во нејзините песни музиката малку им го отстапува местото на некои симболи, на некакви опсесии низ кои поетесата насетува сè околу себе и ги слуша движењата на своето битие, изразувајќи ја болката за нејзините осиромашени субјективни пространства. Речиси сите песни во збирката носат свои приказни, но сите се испеани со добар поетски јазик и со збиени поетски слики, насликани со бујна фантазија. И во расказите, авторката ги црпи мотивите и содржините во својата средина, полна со блиски луѓе и со природна разноликост.Видое Видически, „Кон Разделбата со детството на малата поетеса Христина Аслимоска“, во: Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 46-47.
Наводи
Категорија:Дела на Христина Аслимоска Категорија:Македонски дела од 2005 година Категорија:Појавено во 2005 година во Македонија Категорија:Книги од 2005 година Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Македонски раскази Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Стихозбирки за деца Категорија:Раскази за деца