Џон Фицџералд Кенеди (; ( — ) — триесет и петти Претседател на САД. Неговиот мандат траел од 1961, до неговото убиство во 1963 г.

По Втората светска војна служел во морнарицата на Тихиот Океан, а по војната бил новинар. Во 1947 година бил избран во Конгресот, а во 1952 година станал сенатор. За претседател на САД бил избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година. Бил најмлад претседател во историјата на САД (по Теодор Рузвелт, кој 1901 по убиството над Вилијам МекКинли како потпретседател автоматски станал претседател).

На 22 ноември 1963 година во Далас, во државата Тексас, врз него бил извршен атентат.

Џон Кенеди како тема во уметноста и во популарната култура „Денот кога умре Џон Кенеди“ (The Day John Kennedy Died) — песна на американскиот рок-музичар Лу Рид (Lou reed) од 1982 година.YouTube, Lou Reed ~ The Day John Kennedy Died (пристапено на 2.10.2017) „JFK“ — песна на македонската група „ПМГ Колектив“ од 2010 година.

Занимливости Во чест на овој американски претседател е именувана улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир во Скопје.ул. Џон Кенеди,Скопје - Google Карти

Наводи

Категорија:Претседатели на САД Категорија:Американски политичари Категорија:Носители на Претседателскиот медал на слободата