„Магија на детството“ — стихозбирка за деца на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец. Книгата е објавена од Редакцијата за издавачка дејност „александар & александар“ при САНО-МК, во рамките на библиотеката „Допири“ и едицијата „Книги за деца“. Нејзиното издавање било финансиски помогнато од претпријатието „Директ комуникации“. Рецензенти на книгата се Данило Коцевски и Петко Домазетовски. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-49-033-3.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 48.
Содржина Збирката е поделена на два дела: „Магија на гората“ и „Магија на градот“.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000. Магија на градот Имам желба што ме крили Што е убавата песна Зимски гостинчиња Чудниот Даме Веќе голем! Нема доста кој да рече Мајстор другар За еден Влатко Пак ќе се пријатели Сонцето генерал Прашува внуката Маја Алал му вера Волшебниот лифт Кога семафорот ќе застане Солзи радосници Тајна љубов Земја на чудата Современо зајаче Споменот на мајка ми Што видов
Магија на гората Шумско првенство Кавгата на убавите птици Се прочул кртот по светот со занаетот Лисицата воспитачка Жаба капетан Зошто грлицата не пее како другите птици Кавга Чудни се луѓето На слава кај мечката Градец под стреа Насамарено магаре Боцливото еже Првата шумска фабрика Ресторанот крај потокот Мајстор за чадори Саем на животни Навредени мравки ѕидари Населбата на птиците Како желката ја доби куќата Конкурс за калемари
Осврт кон делото Збирката е поделена на два тематски дела: во првиот дел поетот претежно се движи во градската средина, додека во вториот дел е опеан чудесниот свет на животните, гората и односите со луѓето. Притоа, авторот се обидува да го претстави градот со неговите возбуди, а природата со нејзините законитости.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000.
Наводи
Категорија:Дела на Васе Тодоров - Шлеговец Категорија:Македонски стихозбирки Категорија:Книги од 2000 година Категорија:Македонски дела од 2000 година Категорија:Појавено во 2000 година во Македонија Категорија:Стихозбирки за деца Категорија:Изданија на александар & александар