Сидли () — највисокиот вулкан на Антарктикот со висина од 4.181–4.285 м. Ова е штитест вулкан претежно покриен со снег и највисокиот од петте вулкани во Венецот на Извршниот Комитет на Земјата на Мери Берд. Планината има калдера широка 5 км на јужната страна и се наоѓа североисточно од планината Вејше во јужниот дел на венецот.
Планината ја открил американскиот поморски офицер и истражувач Ричард Берд со авионски прелет на 18 ноември 1934 г. Ја нарекол по Мејбел Сидли, ќерка на стопанственикот и добротвор Вилијам Хорлик кој придонел за Бердовата експедиција во 1933–35 г. И покрај неговата висина, големата оддалеченост и непристапност, за оваа планина се знае мошне малку во споредба со многу попристапниот Еребус, кој е втор вулкан по висина на континентот и се наоѓа близу америкаската и новозеландската база на Росовиот Остров.
Првото освојување на Сидли го направил Новозеланѓанецот Бил Аткинсон на 11 јануари 1990 г. додека помагал во теренските истражувања на Американската антарктичка програма.
Поврзано Список на вулкани на Антарктикот
Наводи
Литература
Категорија:Вулкани на Антарктикот Категорија:Штитести вулкани Категорија:Земја на Мери Берд Категорија:Седум вулкански врвови Категорија:Четириилјадници