мини|Полуостровот Благоевград во Греамовата Земја, Антарктички Полуостров Благоевград () — претежно замрзнат полуостров кој се протега 15 км во југоисточен правец од Брегот на Оскар II во Греамовата Земја на Антарктикот. Широк е 17 км. Се граничи со ракавот Вон на север и ракавот Егзасперејшн на југ, завршувајќи со ’ртот Фојн на југоисток. На источниот брег на полуостровот е заливот Јамфорина, а внатрешноста е делумно заземена од југоисточниот дел на Поибренските Возвишенија. Образуван е со распадот на Ларсеновата Ледена Плоча во 2002 г. и повлекувањето на ледниците Еванс и Каленица.
Полуостровот е наречен по Благоевград (изворно: Горна Џумаја), главен град на Пиринска Македонија, Бугариjа.
Наводи Blagoevgrad Peninsula. SCAR. Речник на бугарските топоними на Антарктикот. Антарктичка комисија за географски имиња.
Надворешни врски Антарктичка дигитална база на податоци (ADD). Топографска карта на Антарктикот. Размер: 1:250 000. Научен комитет за антарктичко истражување (SCAR), 1993–2016. Полуостров Благоевград — сателитска снимка од Copernix
Категорија:Полуострови на Антарктикот Категорија:Брег на Оскар II Категорија:Бугарија на Антарктикот