„Чуварот на плажата во зимскиот период“ (српски: Чувар плаже у зимском периоду) — филм на режисерот Горан Паскаљевиќ од 1976 година, снимен по сценариото на Богдан Јовановиќ и Гордан Михиќ. Во главните улоги настапуваат: Ирфан Менсур, Гордана Косановиќ, Данило Бата Стојковиќ, Мира Бањац и Дара Чалениќ.

Синопсис Едно момче, кое одраснало во лошиот брак на своите родители, сака да започне нов живот. Тој го завршува училиштето, но нема можност да се вработи, па затоа прифаќа да работи како чувар на плажата во зимскиот период. Набргу, се жени со саканата девојка, верувајќи дека љубовта ќе му овозможи да ги преброди сите тешкотии, но животот му се влошува: го напушта жената, умира татко му и така, тој е ставен пред нов почеток, но сега оптоварен со голема горчина.РТС, Чувар плаже у зимском периоду (пристапено на 2.10.2022)

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови од 1976 година Категорија:Филмови на Горан Паскаљевиќ Категорија:Филмови со Дара Чалениќ Категорија:Филмови со Мира Бањац Категорија:Филмови со Гордана Косановиќ Категорија:Филмови со Ирфан Менсур Категорија:Филмови со Данило Бата Стојковиќ