Битката кај Хејстингс се водела на 14 октомври 1066 година помеѓу норманско-француската војска под водство на Вилијам, војводата од Нормандија, и англиската војска водена од англосаксонскиот крал Харолд Годвинсон, а по оваа битка започнало норманското освојување на Англија. Битката се одржала на околу 11 км северозападно од Хејстингс и завршила со одлучувачка победа на Норманите.
Харолд средината на 1066 година ја поминал на јужниот брег на Англија. Тој со голема војска и флота го чекал Вилијам да ги нападне. На 8 септември, откако видел дека Норманите не напаѓаат, ја распуштил војската затоа што војниците требало да ги жнеат посевите.Walker Harold pp. 144–150 Тој во средината на септември, дознал за норвешката инвазија и се упатил на северWalker Harold pp. 158–165 и попатно собирал војска. Ги изненадил Норвежаните и на 25 септември ги победил во Битката кај Стемфорд Бриџ. Харалд Хардрада и Тостиг биле убиени во битката, а Норвежаните претрпеле огромни загуби. Меѓутоа, ова било скапа победа за Англичаните затоа што армијата на Харолд била ослабнета и далеку од јужниот брег.
Повод и причини Во 911 година, каролиншкиот владетел Карло Едноставниот дозволил група Викинзи да се населат во Нормандија.Bates Normandy Before 1066 pp. 8–10 Тие брзо се приспособиле на домородната култура, се откажале од паганството и го прифатиле христијанствотоBates Normandy Before 1066 p. 12 и склучувале бракови со локалното население.Bates Normandy Before 1066 pp. 20–21 Со тек на времето, границите на војводството се прошириле на запад.Hallam and Everard Capetian France p. 53 Во 1002 година, англискиот крал Етелред II се оженил со Ема, сестра на Ричард II, војводата од Нормандија.Williams Æthelred the Unready p. 54 Нивниот син Едвард Исповедникот поминал многу години во егзил во Нормандија, и го наследил англискиот престол во 1042 година.Huscroft Ruling England p. 3 Едвард во Англија довел многу нормански дворјани, војници и свештеници и за да ја зајакне власта ги назначувал на високи позиции, претежно во Црквата. Едвард немал потомство и бил вовлечен во конфликт со моќниот гроф Годвин од Весекс и неговите синови, а можеби и ги охрабрил амбициите на војводата Вилијам од Нормандија за англискиот престол.Stafford Unification and Conquest pp. 86–99
Наследна криза во Англија Кралот Едвард пред својата смрт на 5 јануари 1066 г.,Fryde, et al. Handbook of British Chronology p. 29 не назначил јасен наследник на англискиот престол.Higham Death of Anglo-Saxon England pp. 167–181 По неговата смрт се појавиле неколку претенденти кои тврделе дека треба да го наследат престолот на Англија. Непосреден наследник на Едвард бил ерлот од Весекс, Харолд Годвинсон, најбогатиот и најмоќниот меѓу англиските аристократи и син на Годвин, претходниот соперник на Едвард. Харолд бил избран и крунисан за крал од Англискиот Витенаџмот.Walker Harold pp. 136–138 Харолд веднаш бил предизвикан од двајца моќни соседни владетели. Војводата Вилијам тврдел дека кралот Едвард му го ветил престолот и дека Харолд се заколнал дека ќе се согласи со тоа.Bates William the Conqueror pp. 73–77 Харалд Хардрада од Норвешка, исто така, го оспорил наследувањето. Тој се повикувал на договорот помеѓу неговиот претходник, Магнус Добриот, и претходниот англиски крал (Хартакнут), според кој ако еден од нив умре без наследник, другиот ќе ги наследи Англија и Норвешка.Higham Death of Anglo-Saxon England pp. 188–190 Вилијам и Харалд почнале да собираат војска и бродови за да ја нападнат Англија.Huscroft Ruling England pp. 12–14
Инвазијата на Тостиг и Хардрада На почетокот на 1066 година, прогонетиот брат на Харолд, Тостиг Годвинсон ја нападнал југоисточна Англија со флота што ја регрутирал во Фландрија, а подоцна и се придружиле и други бродови од Оркинските Острови. Под закана од флотата на Харолд, Тостиг заминал на север и извршил напад на Источна Англија и Линколншир. Неговиот напад го одбиле браќата Едвин, Ерл од Мерсија и Моркар, Ерл од Нортамбрија. Откако го напуштиле многу од неговите следбеници, Тостиг се повлекол во Шкотска и почнал да регрутира нови сили.Walker Harold pp. 144–145 Хардрада на почетокот на септември со 300 брода и петнаесет илјадна војска ја нападнал северна Англија. Кон неговата војска се приклучиле и силите на Тостиг, кои ја поддржувале претензијата на норвешкиот крал за престолот. На 20 септември, во Битката кај Фулфорд Норвежаните ја поразиле англиската војска и продолжиле да напредуваат кон Јорк.Walker Harold pp. 154–158 Хардрада го зазел Јорк, и на 24 септември со првенците од градот како заложници Норвежаните се преселиле во близина на селото Стемфорд Бриџ.Marren 1066 p. 73
Англиската војска и подготовките на Харолд Англиската армија била организирана по регионална припадност, со локални регрути, под команда на локален магнат – гроф, бискуп или шериф. Кралот исто така имал група лични вооружени лица, познати како куќни карли, кои го сочинувале столбот на кралските сили. Некои грофови, исто така, имале свои куќни карли. Тегните, локалните земјопоседнички елити, или се бореле заедно со кралските куќни крали или се придодавале кон силите на некој гроф или друг магнат.Nicolle Medieval Warfare Sourcebook pp. 69–71 Англиската армија немала голем број стрелци.Gravett Hastings pp. 28–34
Харолд средината на 1066 година ја поминал на јужниот брег на Англија каде што со голема војска и флота го очекувал нападот на Вилијам. Неговите сили во најголем дел биле милиции кои требало да ги жнеат своите култури, така што на 8 септември Харолд ги распуштил милицијата и флотата. Откако дознал за норвешката инвазија, брзо се упатил на север, и попатно собирал сили. Успеал да ги изненади Норвежаните, и ги поразил во Битката кај Стемфорд Бриџ на 25 септември. Во битката биле убиени Харалд Хардрада и Тостиг, а Норвежаните претрпеле огромни загуби така што биле потребни само 24 од првичните 300 бродови за да ги однесат преживеаните. Цената на оваа победа била висока, затоа што армијата на Харолд била значително ослабната и била далеку од англискиот југ.
Подготовки и инвазија на Вилијам врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/44/Pevensey Castle aerial alt.jpg/360px-Pevensey Castle aerial alt.jpg|лево|мини| Откако стигнал во Певенси, Вилијам изградил тврдина врз урнатините на римската крепост.Porter Pevensey Castle pp. 4, 26–27 Вилијам собрал огромна армија од Нормандија и од други делови во Франција, меѓу кои и големи контингенти од Бретања и Фландрија.Bates William the Conqueror pp. 79–89 Потрошил речиси девет месеци во подготовки. Според одредени нормански хроники обезбедил и дипломатска поддршка, иако точноста на овие записи е предмет на дебата меѓу историчарите. Најпознато е тврдењето дека папата Александар II во знак на поддршка му дал папски транспарент, кој се споменува само во извештајот на Вилијам од Поатје, но не и во посовремените наративи.Huscroft Norman Conquest pp. 120–122
Вилијам своите сили ги стационирал во Сен Валери-сур-Сом и бил подготвен да го премине Ла Манш околу 12 август.Douglas William the Conqueror p. 192 Но, преминувањето било одложено, или поради неповолните временски услови или за да не биде пресретнат од моќната англиска флота. Норманите пристигнале во Англија неколку дена по победата на Харолд над Норвежаните, и се искрцале во Певенси во Сасекс на 28 септември. Силите на Вилијам изградиле дрвен замок во Хејстингс, од каде што ги напаѓале околните места. Уште неколку други утврдувања биле подигнати во Певенси.Lawson Battle of Hastings p. 179
Норманските сили во Хејстингс врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/bc/Bayeux Tapestry scene51 Battle of Hastings Norman knights and archers.jpg/420px-Bayeux Tapestry scene51 Battle of Hastings Norman knights and archers.jpg|мини| Нормански витези и стрелци во Битката кај Хејстингс, претставени на таписеријата од Баје Не е познат точниот број и состав на силите на Вилијам.Gravett Hastings pp. 20–21 Во тогашен документ се тврди дека Вилијам имал 776 бродови, но можеби оваа цифра е преувеличена.Bennett Campaigns of the Norman Conquest p. 25 Тогашните автори претеруваат за големината на армијата, а бројките варираат од 14.000 до 150.000 војници.Lawson Hastings pp. 163–164 Денес историчарите проценуваат дека Вилијам располагал со 7.000–8.000 луѓе, од кои 1.000 до 2.000 биле коњаници;Bennett Campaigns of the Norman Conquest p. 26 10.000 до 12.000 војници; 10.000 војници, од кои 3.000 коњаници;Marren 1066 pp. 89–90 или 7.500 војници. Армијата се состоела од коњаница, пешадија и стрелци, а бројот на коњаниците и стрелците бил приближно еднаков, а бројот на пешаци бил еднаков на другите два типа заедно.Gravett Hastings p. 27
Харолд оди на југ Откако ги поразил својот брат Тостиг и Харалд Хардрада на север, Харолд оставил голем дел од својата војска на север, а со останатиот дел се упатил на југ за да се справи со заканата од норманската инвазија.Carpenter Struggle for Mastery p. 72 Не е познато кога Харолд дознал дека Вилијам се истоварил во Англија, но најверојатно е тоа се случило додека тој патувал на југ. Ноќта на 13 октомври Харолд кампувал на ридот Калдбек, место оддалечено на околу 13 км од замокот на Вилијам во Хејстингс.Marren 1066 pp. 94–95 Некои од тогашните рани француски извештаи споменуваат емисар или емисари испратени од Харолд до Вилијам, и тоа е веројатно. Двете страни не успаеле да се договорат.Lawson Battle of Hastings pp. 180–182
Иако Харолд се обидел да ги изненади Норманите, норманските извидници го најавиле пристигнувањето на Англичаните. Вилијам ја повел својата војска и напредувал кон непријателот. Харолд зазел одбранбена позиција на врвот од ридот Сенлак (денешен Батл во Источен Сасекс) на околу 9,7 км од тврдината на Вилијам во Хејстингс.Marren 1066 pp. 99–100
Се смета дека бројката на англиски војници кај Хејстингс се движела помеѓу 7000 и 8000 војници.Marren 1066 p. 105
Битка врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/4/4d/Schlachtfeld Schlacht bei Hastings juni09.JPG/220px-Schlachtfeld Schlacht bei Hastings juni09.JPG|мини| Бојното поле гледано од северната страна Битката започнала околу 9 часот на 14 октомври 1066 година (сабота) и траела до самрак.Marren 1066 p. 114 Битката се одржала на 11 км северно од Хејстингс во денешниот град Батл,Gravett Hastings p. 91 меѓу два рида – Ридот Калдбек на север и ридот Телхам на југ. Областа се одликувала со густа шума и мочуриште во непосредна близина.Marren 1066 p. 101
Распоредување на силите и тактики врска=//upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/91/Battle of Hastings, 1066.png/220px-Battle of Hastings, 1066.png|лево|мини| Распоредување на силите Силите на Харолд биле распоредиле во мала, густа формација на врвот од стрмна падина,Gravett Hastings p. 59 а крилата биле заштитени од шума и мочуриштето пред нив.Bennett Campaigns of the Norman Conquest p. 40 Англичаните формирале заштитен ѕид, каде што предните редови ги држеле своите штитови еден до друг и дури и се преклопувале за да се заштитат од напад.Gravett Hastings p. 64 Изворите се разликуваат за точното место на кое се бореле Англичаните: некои извори го наведуваат местото на опатијата,Hare Battle Abbey p. 11English Heritage Research on Battle Abbey and BattlefieldBattlefields Trust Battle of Hastings но некои понови извори велат дека тие биле на ридот Калдбек.Lawson Battle of Hastings pp. 190–191
Од другата страна, Вилијам своите сили ги поделил на три дивизии, според потеклото на војниците. Од лево биле Бретонците, заедно со војниците од Анжу, Поату и Мејн. Во центарот биле Норманите, под директна команда на војводата Вилијам. Од десната страна биле Французите, заедно со војници од Пикардија, Булоњ и Фландрија. Фронтовата линија била составена од стрелци, а зад нив била линија од пешадија вооружени со копја. Коњаницата била чувана како резерва,Bennett Campaigns of the Norman Conquest p. 41 а мала група свештеници и слуги сместени во базата на ридот Телхам не требало да учествуваат во борбите.
Почеток на битката