Династијата Тертер () — бугарска благородничка и владетелска династија со куманско потекло,István Vásáry (2005) Cumans and Tatars, Cambridge University Press, p. 2 која води потекло од куманската династија Тертероба, кои владееле со Второто Бугарско Царство помеѓу 1280 и 1292, како и помеѓу 1300 и 1323.

Историја Најстариот претставник на оваа династија во Бугарија е деспотот Алдимир (Елтимир) и неговиот постар брат Георги Тертер кој станал цар на Бугарија (1280-1292). За време на неговото владеење, Бугарија била под де факто контрола на Златната Орда, по желба на Ногај Кан бил избран следниот владетел на Бугарија, Смилец (1292-1298), кој потекнувал од друга благородна фамилија, и бил наследен од неговиот син Иван II (1298-1299). Во 1299–1300, Бугарија била контролирана од Mонголот Чака. Чака бил симнат од престолот од страна на синот на Георги Тертер, Теодор Светослав (1300-1321), при што започнал вториот период на владеење на династијата Тертер, кој продолжил и со владеењето на неговиот син, Георги II.

Потоа со Бугарија владеела династијата Шишман од Видин, која исто така имала делумно куманско потекло.

Список на монарси Слика Име Роден Владеел Сопруга Починал РодителиГеорги Тертер I12801292Марија ТертерКира Марија Асенина1308/1309непознатиТеодор Светослав1270ти13001322 ЕфросинаТеодора Палеологина 1322Син на Георги Тертер I и Марија ТертерГеорги Тертер II13221323 1323Син на Теодор Светослав и Ефросина

Наводи

Категорија:Бугарија во 13 век