Овесно поле со булки () — пределна слика од 1890 година на францускиот импресионист Клод Моне. Сега е изложена во Музејот за модерна и современа уметност (Musée d'Art moderne et contemporain) во Стразбур, Франција. Нејзиниот инвентарен број е 55.974.0.683.
Овесно поле со булки ѝ припаѓа на серија од пет погледи на полињата околу Живерни насликани во летото 1890 година. Купена е за музејот во 1948 година. Таа била едно од неколкуте дела купени со парите од осигурувањето од катастрофалниот пожар на Музејот на убави уметности во 1947 година.
Наводи
Надворешни врски Champ d’avoine aux coquelicots на мрежното место на музејот
Категорија:Слики од Клод Моне Категорија:Слики од 1890 година Категорија:Слики во Музејот за модерна и современа уметност во Стразбур