Лина Кудузовиќ (родена на 30 декември 2002 година) ― словенечка пејачка која ја освоила првата сезона на Словенија има талент во 2010 година кога имала 7 години, што ја направила најмладата победничка на кое било шоу на Got Talent дотогаш. Во 2015 година Кудузовиќ ја претставувала Словенија на Детската Евровизија, со нејзината песна „Prva ljubezen“ („Прва љубов“). Таа завршила на третото место со 112 поени. Во 2017 година, таа била на аудиција за The Voice Kids Germany, со што стигнала до финалето. Моментално живее во Швајцарија со своето семејство. Нејзиниот прв сингл, „Ephemeral“, бил објавен во 2018 година. Таа учествувала на ЕМА 2020 (словенечкиот настан за избор на песна за Евровизија) со песната „Man Like U“, каде што завршила на второто место.
Дискографија
Лина (2012)
Наводи
Надворешни врски
Службена мрежна страница
Категорија:Учесници на Детскиот избор за песна на Евровизија Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Музичари од Љубљана Категорија:The Voice of Germany Категорија:Словенечки детски пејачи Категорија:Словенци со потекло од Босна и Херцеговина Категорија:Словенечки иселеници во Швајцарија Категорија:Никулци за словенечки музичари Категорија:Никулци за европски пејачи