Forbes (се изговара: Форбс) — американско деловно списание. Се публикува осум пати годишно, и содржи статии поврзани со финансиски, индустриски, инвестициски и маркетинг теми. Форбс исто така известува и за поврзани теми како технологија, комуникации, наука, политика и право. Неговото седиште е во Џерси Сити.
Списанието е добро познато по своите списоци и рангирања, како што се: список на најбогатите Американци (Форбс 400), список на најбогатите познати личности во Америка, список на најголемите компании во светот (Форбс глобал 2000), списокот на Форбс за најмоќните луѓе во светот и список на милијардерите во светот. Мотото на списанието Форбс е „Промени го светот“. Претседател и главен уредник е Стив Форбс, а извршен директор е Мајк Федерле. Во 2014 година, бил продаден на инвестициска групација со седиште во Хонгконг - Integrated Whale Media Investments.
Поврзано
Форбс 400 Форбс 500 Форбс Глобал 2000 Светските милијардери 100-те најмоќни жени во светот Најмоќните луѓе на светот Форбс 30 под 30
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски списанија Категорија:Њу Џерси Категорија:Деловно работење