Дактил — мошне мала астероидна месечина со пречник од 1,6 км која кружи околу астероидот 243 Ида. Сликан е од вселенското летало „Галилео“ на 28 август 1993 г. и откриен при испитување на задоцнетите слики од леталото на 17 февруари 1994 г. Ја добил привремената ознака S/1993 (243) 1. Подоцна е наречен по митските суштества наречени дактили кои живееле на планината Ида според старогрчката митологија.
Месечината кружи околу Ида со период од 1,54 дена на просечно растојание од 108 км и наклон од 9° кон Идиниот екватор.
Потеклото на Дактил е нејасно, но постојат две главни претпоставки. Првата вели дека Дактил и Ида нстанале истовремено, а според втората Дактил е откршен по удар на тело врз Ида.
Дактил е првата откриена астероидна месечина. Неговото откривање ја разрешило долготрајната расправа за постоењето на астероидни месечини.
Поврзано Список на астероидни месечини
Наводи
Надворешни врски 243 Ида и Дактил — Деветте планети Астеороидот Ида и Дактил — Погледи на Сончевиот Систем Откривањето на Дактил објавено во IAUC 5948 Именувањето на Дактил објавено во IAUC 6082 Слика на Ида и Дактил со лажни бои за приказ на површинските разлики
Категорија:Астероидни месечини Категорија:Астероиди посетени од вселенски летала Категорија:Астероиди наречени по ликови од старогрчката митологија