мини| Невообичаен примерок од гетит кој заменувал гипсен сталактит; центарот е шуплив. Од Санта Еулалија, Чивава, Мексико. Гетит е минерал составен од железо (III) оксид-хидроксид, поточно од полиморфот "α". Може да се најде во почва и други средини со ниски температури,. Гетитот бил добро познат уште од античко време и се употребувал како пигмент (кафеав окер). Докази за неговата употреба пронајдени се во примероци од пигмент на боја земени од пештерите во Ласко во Франција. За прв пат е опишан во 1806 година врз основа на примероци пронајдени во рудникот Холерцуг во Хердорф, Германија. Минералот своето име го добил по германскиот полимат и поет Јохан Волфганг фон Гете (1749–1832).

Состав Гетит е железен оксихидроксид кој содржи тривалентно железо. Цврстината на гетитот се движи од 5,0 до 5,5 на Мохсовата скала, а неговата специфична тежа варира од 3,3 до 4,3. Минералот формира призматични игловидни кристали, но обично е масивен. Создавање Гетитот најчесто се формира со атмосферско влијание врз други минерали богати со железо, и затоа често се наоѓа во почвите, а најконцентриран е во латеритни почви. Гетитот настанува со промена на оксидативната состојба од Fe2+ во Fe3+, што му овозможува на гетитот да опстои при површински услови. Поради промената на оксидативната состојба, гетитот се смета за псевдоморф. Исто така, подземните води може да наталожат гетит, а може да се формира како примарен минерал во хидротермалните наоѓалишта. Откриено е дека гетитот се создава во процесите на екскреција на одредени видови бактерии.

Наоѓалишта Гетитот го има насекаде на планетата, обично во форма на конкременти, сталактитни формации, оолити (ситни тркалезни зрна зацементирани заедно). Тој е многу чест псевдоморф. Често се среќава во мочурливите области крај изворите („железно блато “), на подот од пештерите и на дното од езерата и поточињата.

Значајни наоѓалишта на гетит има во Англија; Куба; и Минесота, Мисури, Колорадо, Алабама, Џорџија, Вирџинија и Тенеси, во САД.

Галерија

Поврзано

Окер Список на минерали Железна руда

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Јохан Волфганг фон Гете Категорија:Железна руда Категорија:Магнетски минерали