Кортни Мишел Лав (моминско Харисон; родена на 9 јули 1964 година) е американска пејачка, гитаристка, текстописец и глумица. Била активна во алтернативната и гранџ музиката во 1990-тите, а нејзината кариера трае четири децении. Се прославила како главен вокал и ритам гитарист на алтернативниот рок бенд Hole, кој го основала во 1989 година. Голем публицитет стекнала со нејзиниот брак со фронтменот од Нирвана, Курт Кобејн. Во 2020 година, NME ја прогласил за една од највлијателните пејачки во алтернативната музика во последните 30 години.
Живот и кариера
1964–1982: Детство и образование Кортни Мишел Харисон е родена на 9 јули 1964 година во Сан Франциско. Кортни Лав има кубанско, англиско, германско, ирско и велшко потекло. Од следните бракови на мајка ѝ, Лав има две помали полусестри, тројца помлади полубраќа (од кои едниот починал во детството) и еден посвоен брат.
Кортни Лав детството го поминала во Хејт-Ешбери, Сан Франциско, додека нејзините родители не се развеле во 1970. Во 1970 година, со мајка ѝ се преселила во руралната заедница Маркола, Орегон каде што мајка ѝ се премажила со учителот Френк Родригес, кој законски ја посвоил Кортни. Кортни посетувала училиште во Монтесори во Јуџин, Орегон. На деветгодишна возраст, еден психолог забележал дека покажува знаци на аутизам.
Во 1972 година, мајка ѝ се развела од Родригес, и повторно се омажила за спортскиот новинар Дејвид Менели и се преселиле во Нелсон, Нов Зеланд. Кортни се запишала на колеџот за девојки во Нелсон, но набрзо била избркана поради недолично однесување. Во 1973 година, Керол ја испратила Кортни назад во Портланд, Орегон, за да ја одгледа нејзиниот поранешен очув и други семејни пријатели. На 14-годишна возраст, Лав била уапсена за кражба во стоковна куќа во Портланд и била задржана во младинскиот поправен дом Хилкрест во Салем. Додека била во Хилкрест, почнала да слуша музика од Пети Смит, Runaways и Pretenders, кои подоцна ја инспирирале да основа свој бенд. Кон крајот на 1979 променила неколку згрижувачки семејства, по што целосно се отуѓила од нејзината мајка. Во 1980, Кортни Лав поминала два месеци во Јапонија каде што работела како топлес танчерка, но била депортирана и ѝ бил одземен пасошот. Се вратила во Портланд и почнала да работи во стриптиз клуб, каде што го зела презимето Лав (Love) за да го скрие својот идентитет; а подоцна го усвоила Лав како свое презиме. Работела чудни работи, како на пример диџеј во геј диско. Лав рекла дека ѝ недостигаат социјални вештини, но ги научила додека посетувала геј клубови и поминувала време со траветисти. Во овој период, се запишала на Државниот универзитет во Портланд, и почнала да студира англиски јазик и филозофија.
Во 1981 година, Кортни наследила пари што ѝ го оставиле баба ѝ дедо ѝ по мајка, кои ги искористила за да замине во Даблин каде што живеел нејзиниот биолошки татко. Таму на Тринити колеџот два семестри посетувала курсеви по теологија. Во Даблин, Кортни Лав го запознала музичарот Џулијан Коуп. На Коуп му се допаднала Лав и ѝ понудил да седи во неговиот дом во Ливерпул во негово отсуство. Отпатувала за Лондон, каде ја пречекал нејзиниот пријател и иден колега од бендот, Робин Барбур, од Портланд. Потсетувајќи се на понудата од Коуп, Лав и Барбур се преселиле во домот на Коуп заедно со неколку други уметници.
Во јули 1982 г., Кортни Лав се вратила во САД. Кон крајот на 1982 година, присуствувала на концертот на Faith No More во Сан Франциско и ги убедила членовите да ѝ дозволат да им се придружи како пејачка. Групата снимила материјал со Лав како вокал, но ја отпуштил поради тоа што бендот сакал „машка енергија“. Кортни Лав повторно почнала да работи како еротска танчерка, прво во Тајван, а потоа во Хонгконг. Според кажувањата на Лав, таа првпат користела хероин додека работела во Хонгконг, бидејќи мислела дека е кокаин. Додека сè уште била издрогирана, богат машки клиент побарал од неа да замине со него на Филипините и ѝ дал пари за да купи нова облека. Таа ги искористила парите за да купи авионска карта за САД.
1983–1987: Рани музички проекти и филм На 19-годишна возраст, преку мајката на нејзиното тогашно момче, Кортни Лав се вработила во студиото Парамаунт како чистачка на одделот за гардероба. Потоа, се вратила во Портланд, каде што со нејзините пријатели Урсула Вер и Робин Барбур работела на краткотрајни музички проекти. По средбата со Кет Бјеланд во ноќниот клуб Сатирикон во 1984 г., заедно ја формирале групата Pagan Babies. Во јуни 1985 се преселиле во Сан Франциско каде што им се придружиле басистката Џенифер Финч и тапанарот Џенис Танака. Групата свирела на неколку хаус журки и снимила едно демо од 4 песни, а кон крајот на 1985 се распаднала. Кортни заминала за Минеаполис каде што работела како промотор на концерти а потоа се вратила во Калифорнија. алт=A woman posed for a photo staring into the camera|десно|мини| Кортни Лав во филмот Straight to Hell, 1986 година Откако одлучила повеќе да се насочи на актерство, Кортни Лав се запишала на Уметничкиот институт во Сан Франциско и студирала филм кај експерименталниот режисер Џорџ Кучар, а се појавила во еден од неговите кратки филмови, Клуб Ватикан. Таа посетувала и експериментални театарски курсеви во Оукленд, каде била подучувана од Вупи Голдберг. Во 1985 година, Лав поднела снимка на аудицијата за улогата на Ненси Спунген во биографскиот филм Сид Вишос - Сид и Ненси (1986), и добила мала споредна улога. По снимањето на Сид и Ненси во Њујорк, работела на едно шоу на Тајмс Сквер и сквотирала во социјалниот центар ABC No Rio и Pyramid Club во Ист Вилиџ. Истата година, Кокс ѝ ја доделил главната улога во неговиот филм Директно во пеколот (1987), шпагети вестерн со Џо Страмер, Денис Хопер и Грејс Џонс во главните улоги, снимен во Шпанија во 1986 година. Филмот бил слабо оценет од критичарите, но го привлекол вниманието на Енди Ворхол кој ја повикал Кортни Лав да глуми во епизода од Енди Ворхоловите Петнаесет минути. Таа, исто така, се појавила на музичкото видео на Рамонс од 1988 година за „I Wanna Be Sedated“, како невеста меѓу десетиците гости на забавата.
Кортни Лав ја напуштила својата актерска кариера во 1988 година и продолжила да работи како стриптизерка во Орегон, каде што била препознаена од клиентите во еден бар во малиот град МекМинвил. Ова ја поттикнало Лав да се изолира, и се преселила во Енкориџ каде што живеела три месеци а за да ги плати сметките работела во стриптиз-клуб што го посетуваат локални рибари.
1988–1991: Почетоците на Hole алт=Woman in dress playing guitar, with a man in background|лево|мини|307x307пкс| Кортни Лав на настап со Hole, 1989 година Кон крајот на 1988 година, Кортни Лав научила да свири гитара и се преселила во Лос Анџелес, каде објавила оглас во еден локален музички весник: „Сакам да основам бенд. Врз мене влијаеа Биг Блек, Соник Јут и Флитвуд Мек.“ Во 1989 година, на Лав и се придружиле гитаристот Ерик Ерландсон; басистката Лиза Робертс, нејзината соседка; и тапанарката Керолин Ру, која ја запознала на концерт на Гвар. Кортни Лав бендот го нарекла Hole по реченица од Медеја од Еврипид („Има дупка што пробива право низ мене“) и разговор во кој нејзината мајка ѝ рекла дека не може да живее „со дупка што минува низ неа“. На 23 јули 1989 година, во Лас Вегас Лав се омажила за вокалот на Leaving Trains Џејмс Мореланд; бракот бил поништен истата година. Подоцна изјавила дека Мореланд бил травестит и дека се венчале „на шега“. По формирањето на Hole, Лав и Ерландсон имале романтична врска која траела повеќе од една година.
Во почетните фази на Hole, Лав продолжила да работи во стриптиз клубови низ Холивуд и заштедила пари за да купи опрема за бендот и комбе за турнеи, а во тоа време вежбала во холивудско студио кое ѝ го позајмиле Red Hot Chili Peppers. Hole првиот концерт го имала во ноември 1989 во рок клуб во централен Холивуд. Нивниот деби-сингл, „Retard Girl“, бил издаден во април 1990 година. Hole се појавила на насловната страница на Flipside, панк фанзин со седиште во Лос Анџелес. На почетокот од 1991 година, го издале својот втор сингл, " Dicknail ".
Првиот студиски албум на Hole, Pretty on the Inside бил објавен во септември 1991 година.
Pretty on the Inside добил генерално позитивен критички прием од инди и панк-рок критичарите и од Spin бил прогласен за еден од 20-те најдобри албуми на годината. Феминистичката наклонетост на албумот навела многумина да го означат бендот како дел од движењето riot grrrl. Бендот за да ја поддржи плочата направил турнеја за поддршка на плочата, како предгрупа на Mudhoney во Европа; и Smashing Pumpkins во Соединетите Американски Држави.
За време на турнејата, Кортни Лав накратко се забавувала со фронтменот на Smashing Pumpkins, Били Корган а потоа со фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн. Според Лав, таа за прв пат го запознала Кобејн на концерт на Dharma Bums во Портланд, Некаде кон крајот на 1991 година, Лав и Кобејн повторно се запознале преку Џенифер Финч, една од долгогодишните пријатели на Лав и поранешни колешки од бендот. Лав и Кобејн во 1992 година станале пар.
1992-1995: Брак со Курт Кобејн, Живеј низ ова и пробив Набргу по завршувањето на турнејата за Pretty on the Inside, Лав се омажи за Кобејн на плажата Ваикики во Хонолулу, Хаваи, на 24 февруари 1992 година. Таа носеше фустан од сатен и тантела порано во сопственост на глумицата Френсис Фармер, а Кобејн носел карирани пижами. За време на бременоста на Лав, Hole ја снимил насловната нумера за „Over the Edge“ посветена на Wipers, и го снимиле нивниот четврти сингл, „Beautiful Son“, издаден во април 1993 година. На 18 август, во Лос Анџелес се на парот им се родило единственото дете, ќерката Френсис Бин Кобејн. Тие се преселиле во Карнејшн, Вашингтон, а потоа и во Сиетл.
Првото големо медиумско појавување на Кортни Лав било во септември 1992 година кога магазинот Vanity Fair објавил статија за Курт Кобејн насловена како „Чудна Љубов“. Кобејн станал многу популарен по големиот успех на албумот од Нирвана Nevermind. Претходната година, Лав и Кобејн станале зависни од хероин; магазинот ги прикажал во лошо светло, наведувајќи дека Лав била зависна од хероин за време на бременоста. Одделот за деца и семејство од Лос Анџелес го истражувала случајот, а старателството на Френсис привремено ѝ било доделено на сестрата на Кортни Лав, Џејми. Лав тврдела дека погрешно ја цитирале и дека се откажала од хероин во текот на првиот триместар, веднаш откако открила дека е бремена. Лав подоцна рекла дека статијата имала сериозни последици за нејзиниот брак и менталната состојба на Кобејн, наведувајќи дека тоа било фактор за неговото самоубиство две години подоцна. алт=Woman playing guitar and screaming into microphone|лево|мини| Кортни Лав на настап со Hole во Мелбурн, 1995 година Во октомври 1993 година, Hole го снимила нивниот втор албум, Live Through This, во Атланта. Албумот бил објавен на 12 април 1994 година, една недела по смртта на Кобејн кој се самозастрелал во заедничкиот дом со Лав во Сиетл, додека таа била на рехабилитација во Лос Анџелес. Следните месеци, Лав ретко се појавувала во јавноста, поминувајќи го времето во нејзиниот дом со пријателите и членовите на семејството. Посмртните останки на Кобејн биле кремирани, а неговата пепел Лав ја поделила на делови; некои ги чувала во плишано мече, а некои во урна. Во јуни 1994 година, отишла во будистичкиот манастир Намгјал во Итака, Њујорк и будистичките монаси церемонијално ја благословиле неговата пепел. Друг дел бил измешан со глина и од неа биле направени спомен-скулптури. На 16 јуни 1994 г., басистката на Hole, Кристен Фаф, починала од предозирање со хероин во Сиетл. За следната турнеја на бендот, Лав ја повикала канадската басистка Мелиса Ауф дер Маур.