Матеј 7 — седма глава на Евангелието според Матеј од Новиот завет. Ова е последната од трите глави кои ја опфаќаат Беседата на гората.

Текст Изворниот текст е напишан на коински грчки. Оваа глава има 29 стихови.

Ракописно сведоштво Еве некои рани раскописи во кои се содржи текстот на оваа глава:

Ватикански ракопис (~325–350 г.; целосно) Синајски ракопис (~330–360 г.; целосно) Вашингтонски ракопис (~400 г.) Ефремов ракопис (~450 г.; постоечки стихови 6-29)

мини|десно|200px|Матеј 7,27–8,28 од Синајскиот ракопис

Анализа Во главата се застапени неколку проблематики, при што стиховите 1–12 се занимаваат со судење и расудување.Talbert, Charles H. Matthew. . pp. 91–95. Стиховите 3-5 даваат пословичната поука за раската и гредата, која има паралела во Лука 6,36-42.Steven L. Cox, Kendell H. Easley (2007). Harmony of the Gospels. . p. 72. Во стих 7,7 Исус се навраќа на молитвата, ветувајќи дека Бог ќе им одговори на молителите. Стихпвоте 7,13-14 дава аналогија за широката и тесната врата, со што предупредува дека ваквата грешка води кон пропаст (осуда). Стихот 7,15 предупредува за лажните пророци повторувајќи некои од исказите на Јован Крстител во глава 3.

Главата завршува со параболата за мудриот и глупавиот градител во 7,24-27, која има паралела во Лука 6,46-49.

Според англискиот веронаучник Едвард Пламптер, во споедба со претходните глави, „оваа [глава] претежно се занимава со искушенијата присутни во понапредните фази на [христијанскиот] живот кога веќе се надминати пониските облици на злото — судење на другиот, самозалажување и несвесно лицемерие, опасноста на нестварноста“.Plumptre, E. H. (1905), Matthew 7, in Ellicott's Commentary for English Readers,

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Глава 7 од Евангелието според Матеј — Стандардна библија на македонски, 2006 г. Глава 7 од македонската аудиокнига „Евангелие според светиот апостол Матеј“ на YouTube

Категорија:Евангелие според Матеј