алт=middle-aged white man, clean-shaven except for sideboards, in mid-19th-century dress|мини| Портрет на Даниел Обер, 1827 година, од Хортенс Ходебур-Леско Даниел Франсоа Еспри Обер (француски: Daniel François Esprit Auber; 29 јануари 178212 мај 1871) — француски композитор и директор на Парискиот конзерваториум.

Роден е во уметничко семејство, и прво се занимавал со аматерско компонирање. Откако во 1820 г. неговото семејство прогласило банкрот започнал професионално да пишува опери. Набрзо воспоставил професионално партнерство со либретистот Ежен Скриб, кое траело 41 година и резултирало со 39 опери, најчесто со добра заработка и позитивна критика. Најчесто се поврзува со комичната опера и компонирал 35 дела од тој жанр. Со Скриб во 1828 година ја напишал првата француска голема опера, La Muette de Portici (Немата девојка од Портичи), која го отворила патот за грандиозните дела на Џакомо Мајербер.

Обер од 1842 до 1871 година бил директор на основната француска музичка академија, Парискиот конзерваториум, која ја проширил и модернизирал. Од 1852 година до падот на Второто Француско Царство во 1870 година бил директор на царската капела во Лувр, за која напишал многу литургиски дела и друга религиозна музика.

Приврзан за Париз, Обер одбил да го напушти градот во Француско-пруската војна кога Париз бил под опсада и создавањето на Париската комуна. Почина во својата куќа во Париз, на 89-годишна возраст, непосредно пред француската влада да ја врати контролата врз Париз во свои раце.

Живот и кариера

Рани години Обер е роден на 29 јануари 1782 година во Каен во Нормандија.Hueffer, pp. 128–129 Потекнува од норманско семејство кое живеело во Париз.Malherbe, p. 7 На негова седумгодишна возраст започнала Француската револуција, а неговиот татко кој бил офицер во кралската војска морал да најде друга професија. Отворил печатница на улицата Сен Лазар, каде што го преживеал владеењето на теророт и успешно работел за време на Директориумот и Конзулатот. Имал салон, кој го посетувале секакви уметници, а понекогаш настапувал и младиот Обер: во тинејџерските години тој бил успешен виолинист, пијанист и пејач.Schneider, Herbert. "Auber, Daniel-François-Esprit", Grove Music Online, Oxford University Press, 2001.

Иако неговиот татко го поддржувал во музиката, Обер очекувал да го наследи семејниот бизнис со печатење, а по потпишувањето на Договорот од Амјен (1802) со кој завршила војната меѓу Франција и Британија, заминал во Лондон за да студира трговија и да научи англиски јазик. Чарлс Шнајдер пишува дека Обер имал одреден успех во Лондон како изведувач и како композитор. Бил познат по својата срамежливост. Тој никогаш не се појавил во јавноста како диригент, а во текот на кариерата бил пренервозен за да присуствува на сопствените премиери.Hueffer, p. 129 Не се оженил."Recueil des inscriptions parisiennes (1881–1891)", Comité des inscriptions parisiennes; and Malherbe, p. 15

Враќање во Париз алт=youngish white man with neat dark hair and side whiskers|мини| Обер, о. 1830 година Во 1803 година завршил кревкиот мир меѓу Франција и Британија; започнале Наполеонските војни, а Обер го напуштил Лондон и заминал за Париз, каде што останал до крајот на својот живот. Таму, тој бил примен во Société académique des Enfants d'Apollon, престижно здружение на музичари и сликари-љубители на музика, чиј член бил неговиот татко од 1784 година Goncourt, p. 120; and Malherbe, pp. 8–9 Обер во овој период напишал пет концерти за виолончело премиерно изведени од солистот Ламар.Hueffer et al, pp. 252–255 Пофалбите кои ги добил Обер за концертот за виолина (1808) го поттикнале да преработи стара комична опера, Џули, за аматерско друштво во 1811 година.Malherbe, p. 32 Оркестарот се состоел од две виолини, две виоли, виолончело и контрабас, но Обер ефикасно ги искористил и делото било добро прифатено. Лујџи Черубини, значаен лик во париските оперски кругови, бил во публиката и го препознал моќниот, но неизвежбан талент на младиот композитор, и го зел како свој приватен ученик.Hueffer, pp. 128–129

Првата професионално поставена опера на Обер е Le Séjour militaire (1813). Некои постари извори наведуваат дека имало „неповолен прием“,"Auber, Daniel François Esprit", Encyclopaedia Britannica 1911, p. 889 и дека е „неуспешна“. Шнајдер (2001) напишал дека имала „задоволителни 16 изведби, а била обновена во 1826 година и поставена во провинциите“. Шнајдер додава дека во следните седум години, Обер живеел безгрижен живот, сè додека тешката финанска состојба и смртта на татко му во 1820 година не го натерале да најде начин за издржување на семејството. Тој се посветил на компонирањето, претежно на опери. La bergère châtelaine (1820) и Ема (1821), со либрета од Ежен де Планар, имале успех во Франција и во Германија.

Успех со оперите Во 1822 година, Обер започнал соработка со либретистот Ежен Скриб, која траела 41 година и заедно создале 39 опери.Hueffer et al, pp. 253–254; and Schneider in Grove Прво дело на кое соработувале бил Leicester, ou Le château de Kenilworth, комична опера во три чина, со заплет заснован на историска романса од Волтер Скот. Била премиерно изведена во Сал Фејдо во јануари 1823 година и имала 60 репризи во следните пет сезони.Malherbe, p. 36

Во 1825 година Обер бил доволно познат во својата професија за да биде прогласен за кавалер на Легијата на честа од Шарл X.

Иако повеќето опери на Обер од овој период биле комични опери - дела со говорен дијалог, обично во три чина - во 1825 година тој ја напишал првата француска голема опера, Немата девојка од Портичи, опера во пет чина, со долги балетски нумери, и рецитатив наместо говорен дијалог. Оригиналното либрето од Жермен Делавињ, било адаптирано и ревидирано од Скриб. По премиерата во Париската опера во февруари 1828 година, почнала да се прикажува во Лондон (мај 1829) и во Њујорк (ноември 1828).Macdonald, p. 7 Балетот Масаниело, со иста приказна, кој ја користел ја музиката на Обер, бил популарен во Лондон во подоцнежните 1820-ти."King's Theatre", The Morning Post, 8 June 1829, p. 2 Шнајдер пишува дека Обер ја зацврстил својата меѓународна репутација со La Fancée (1829) и Fra Diavolo (1830), и двете со Скриб.

Институт и Конзерваториум Во 1829 година Обер бил избран за еден од шесте членови на Академијата за применети уметности при Францускиот институт." Académiciens depuis 1795" , Académie des Beaux-Arts. Retrieved 30 May 2021 За време на 42-те години поминати како член на институтот му се придружиле композитори како Адолф Адам, Хектор Берлиоз, Шарл Гуно и Амброаз Томас. За време на владеењето на кралот Луј-Филип, во 1839 година Обер бил назначен за директор на дворски концерти, а кога Черубини се пензионирал во 1842 година, бил назначен за директор на Конзерваториумот.Malherbe, p. 70

Во 1830-тите Обер напиша дванаесет опери со Скриб, половина од нив биле комични опери, а другата половина посериозни оперски дела: Le Dieu et la bayadère (1830), Le Philtre (1831), Le Serment ou les faux monnayeurs (1832), Gustave III ou le Bal masqué (1833), Le Cheval de bronze (1835) и Le Lac des fees (1839).

Подоцнежни години алт=old white man, with white hair and side whiskers, otherwise clean shaven|мини| Обер од Надар, доцни 1860-ти Обер беше многу сакан и почитуван директор на Конзерваториумот;Martinet, p. 100; and Ferris, p. 277 бил помалку конзервативен од својот претходник и вовел промени како што се дозволување аплауз на концертите на Конзерваториумот и давање на членовите на факултетот поголема слобода за тоа што го учат студентите.Martinet, pp. 158 and 166 Ги зголемил одделите за композиција, пијано и оркестарски инструменти.Letellier, p. 22 Поради својата вообичаена скромност, за цело време додека бил директор забранил да се изведуваат неговите дела во Конзерваториумот.Martinet, pp. 157 and 230 Тренирал неколку добитници на Prix de Rome - главната музичка награда на Франција, меѓу кои се и Жорж Бизе, Ернест Гиро, Теодор Дубоа и Жил Масне.

Во периодот од 1843 до 1869 напишал 13 нови опери како La part du diable (Делот на ѓаволот, 1943), Haydée, ou Le secret (1847), L'enfant prodigue (Блудниот син, 1850), Манон Леско (1856 – 28 години пред верзијата на Масене и 37 години пред верзијата на Пучини) и неговата последна соработка со Скриб, La Circassienne (Черкеската жена, 1861). По смртта на Скриб во 1861 година, Обер искомпонирал само две опери, и двете со либрета на Адолф д'Енери и Ежен Кормон : Le premier jour de bonheur (Првиот ден на среќата, 1868) и Rêve d'amour (Сон за љубовта,1869).

Во времето на Второто Царство, Обер бил назначен за директор на царската капела од Наполеон III во 1852 година,Malherbe, p. 70 и компонирал многу музички дела за капелата на царот во Лувр.Malherbe, pp. 78–79

Во времето на Француско-пруската војна во 1870 година, Обер бил стар и болен. Тој одби да го напушти Париз и останал таму за време на опсадата на Париз и создавањето на Париската комуна. Поднел оставка како директор на Конзерваториумот за да може зградата да се користи како болница.Letellier, pp. 22–23 Него накратко како директор го наследил Франциско Салвадор-Даниел - назначен од комунарите и стрелан од француската влада единаесет дена подоцна - и потоа Амброаз Томас, кој ја извршувал функцијата од 1871 до 1896 година.Bourligueux, Guy, and Kristy Barbacane. "Daniel, Francisco (Alberto Clemente) Salvador" , and Smith, Richard Langham. "Thomas, (Charles Louis) Ambroise", Grove Music Online, Oxford University Press, 2001.

Здравјето на Обер се влошило и во мај 1871 година легнал во кревет. Двајца пријатели - Томас и неговиот колега композитор Жан Батист Векерлин - наизменично го чуваале.Malherbe, p. 86 Во раните утрински часови на 12 мај, тој починал во својата куќа на улицата Сен-Жорж, на 89-годишна возраст. Бил погребан на гробиштата Пер Лашез."Les tombes du Père Lachaise" , Paristoric. Retrieved 30 May 2021

Наводи

Извори

Надворешни врски

Категорија:Оперски композитори Категорија:Француски композитори Категорија:Романтистички композитори Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански) Категорија:Членови на Кралската академија на науките и уметностите на Белгија Категорија:Починати во 1871 година Категорија:Родени во 1782 година Категорија:Погребани на гробиштата „Пер Лашез“ Категорија:Класични композитори од 19-ти век Категорија:Директори на Парискиот конзерваториум