мини|Херувимска песна на православна литургија Херувимска песна () — православна литургиска химна која се пее на литургијата и ги претставува подготовките на верниците за Великиот вход.

Во литургијата била вклучена за време на царот Јустин II во 573 година.Brightman F. E. Liturgies Eastern and Western. Oxford University Press. (1965). стр. 532

За време на пеењето на вториот дел од Херувимската песна, свештеникот со ѓаконите се враќа во олтарот низ царските двери.

Херувимската песна се пее во литургијата на Свети Јован Златоуст и литургијата на Свети Василиј Велики, освен на Велики четврток кога наместо неа се пее тропарот на 6-ти глас „На Твојата Тајна вечера“ и на Велика сабота кога се пее „Да молчи секое тело човечко“.

Оваа песна се пеела во Византиското Царство и на литургијата на Рождеството Христово. Порано во некои православни храмови на Велигден се пеела херувимската песна: „Стана Христос. . . На Преосветената литургија наместо Херувимска песна се пее многу содржајната песна: „Сега силите небесни“ од која се сознава дека невидливите сили со нас невидливо служат. За време на пеењето на Херувимската песна, ѓаконот го кади олтарот, иконостасот и верниците, од солејата.

Текст

Црковнословенски текст

Наводи

Категорија:Православна богослужба Категорија:Православие Категорија:Богослужба Категорија:Христијански текстови од 6 век