мини|Макета на Катара во обем. Катара е културно село во Доха, Катар. Се наоѓа на источниот брег помеѓу Западниот залив и островот Бисер.

Селото било отворено во месец октомври, 2010 година, за време на Филмскиот фестивал Трибека, во Доха, настан на кој ова културно село е домаќин.

Етимологија мини|Надземен поглед на зградите во културното село Катара. „Катара“ бил историскиот назив кој народот го користел за Катар пред 18ти век. Географот Клаудиј Птолемеј го нарекувал Катарскиот Полуостров „Катара“ во 150та година од нашата ера. Овој назив исто така се користел и во средината на вториот век од нашата ера, во Историскиот атлас на Исламот.

Преглед мини|Изложена традиционалната архитектура во Катара. Голем број на канцеларии на катарските организации се сместени во Катара.

Овде спаѓаат: Катарското друштво за инженери, Катарското друштво за ликовни уметности, Центарот за визуелна уметност, Катарското фотографско друштво, Културниот центар на детството, театарското друштво и музичката академија на Катар. Катарските музеи управуваат со катарската галерија, јавно уметничко место во селото.

Зградите и објектите во Катара биле намерно изградени со цел да го изложат културното и архитектонското наследство на земјата.

Развојни проекти Преминот на заливот Доха (исто така познат како преминот Шарк) е проект за изградба на насип со големина меѓу 600м и 1.300м, што ќе го поврзе меѓународниот аеродром Хамад со областа Катара. Предвидено е да се заврши до крајот на 2022 година.

Објекти мини|Амфитеатарот во Катара. Катара има отворен амфитеатар, оперска куќа, повеќенаменско кино, повеќенаменска конференциска сала, плажа и пазар. Музејот кој што го прикажува поморското наследство на земјата бил отворен во ноември 2015 година. Тоа е исто така место на аукциската куќа Ал Бахи.

Културни организации мини|Централниот плоштад во Катара. Катара е домаќин на повеќе културни организации. Овие се:

Асоцијацијата Ал Ганас - организација за ловење. Aукциската куќа Ал Бахи, наменета за аукции на уметничкидела. Арапскиот музеј на поштенски марки - музеј кој што содржи поштенски марки од 22 арапски држави Центарот Бедаја - центар за вработување Списанието Брук - месечно културно списание создадено во 2003г. Институтот за филм во Доха - компанија за продукција на филмови Форум на арапски и интернационални релации - културна организација за промовирање на интрарегионални релации Центар за уметност во Катара Уметничко студио Катара Спортски клуб Катара Планетариум на Катара - планетариум кој има капацитет на 200 гледачи и дисплеј од 22 метри Поет Маџлес - центар за арапска поезија Асоцијација за уметност на Катар Музичката академија во Катар Филхармонијата Музеи и галерии Сут Ал Калиџ - јавна арапска радио станица Центар за визуелна уметност - центар кој изложува дела од локални уметници Младински центар со работилници

Настани

Патувањето Фат Ал Кеир Патувањето Фат Ал Кеир е патување организирано од страна на раководството на Катара, со цел да го промовира поморското наследство на Катар.

Првото патување се одржало во Персискиот Залив, и траело од 22 ноември до 18 декември, 2013 година. Второто патување било изведено на 6 октомври, 2015 година. Бродот сочинувал екипаж од 40 Катарци во традиционална облека и пловел околу Арапското Море, а клучните дестинации биле Оман и Индија. Индискиот амбасадор во Катар ги означи патувањата како достигнување во билатералните односи на земјите.

Уметничкиот форум во Катара Во Катара во 2014 година бил отворен дводневен форум за отворени дискусии за теми од уметноста. Како годишен настан, на форумот има меѓународни и локални истражувачи кои одржуваат говори на теми како што се историјата на арапската уметност и арапските уметнички групи.

Аида Во октомври 2012 година, перформансот на класичната опера Аида на Џузепе Верди, во амфитеатарот на Катара бил првата опера што се одржа во Катар. Катарската филхармонија била прикажана во операта, заедно со најмалку 80 пејачи и 35 актери.

Транспорт Подземната метро станица на Катара е најголемата метро станица на Катар. Оваа метро станица е најзначајна за транспортот на жителите на Катар.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Катарска култура Категорија:Катарско општество Категорија:Катар