Фабијан Делф (роден на 21 ноември 1989 година) — поранешен англиски професионален фудбалер кој играл како централен играч за врска од средниот ред или лев бек.

Тој бил во книгите на Бредфорд Сити како млад додека не се преселил во Лидс Јунајтед на 11-годишна возраст. Откако одиграл 45 натпревари за Лидс на ниво на Лига 1 и еднаш во Чемпионшип, тој преминал во Премиер лигата во клубот Астон Вила во август 2009 година за 6 милиони фунти. Во 2012 година, тој се вратил во Лидс на краток период како позајмица. Делф имал успешен почеток на сезоната 2012-13 во Премиер лигата, поради тоа го довел менаџерот на Вила, Пол Ламберт, да побара негово вклучување во тимот на Англија. Во јули 2015 година, Делф му се приклучил на Манчестер Сити за 8 милион фунти. Во 2019 година, тој се преселил во Евертон, каде што поминал три сезони, пред да го објави своето повлекување од фудбалот кое било во септември 2022 година.

Делф ја претставувал Англија во категорија под 19 години и под 21 година и го имал своето деби за сениорскиот натпревар во пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Норвешка на 3 септември 2014 година.

Клупска кариера

Лидс јунајтед мини| Делф во дресот на Лидс јунајтед во 2009 година Роден во Брадфорд, Западен Јоркшир Делф ја започнал својата фудбалска кариера како помлад фудбалер во Брадфорд Сити. Делф го напуштил Сити во септември 2001 година за да се приклучи на Лидс јунајтед откако бил препорачан на тренерот на нивната академија Грег Абот од поранешниот менаџер на Бредфорд, Пол Џевел, чиј син играл со Делф. Тој учел во средното училиште Тонг, кое го напуштил во 2006 година за да потпише двегодишна стипендија со Лидс јунајтед, на 16-годишна возраст. Своите студии ги завршил во партнерското училиште во Лидс, Бостон Спа училиште.

По низата впечатливи настапи во пролетта 2007 година, Делф станал капитен на резервите на Лидс. Тој го добил своето деби во Лидс како замена во последниот натпревар во сезоната 2006-07 против Дарби Каунти на 6 мај 2007 година, натпревар во кој Роберт Бејли исто така имал деби за Лидс. Првиот професионален договор го склучил на 11 јануари 2008 година и забележал два настапи за Лидс во сезоната 2007-08, и двата како замена.

Делф импресионирал во претсезонскиот пријателски натпревар 2008-09 против Барнет, добивајќи пофалби и од менаџерот Гери Мекалистер и од поранешниот играч на Лидс, Еди Греј. Тој го направил својот прв старт во Лига Купот со победата на Лидс со 5–2 на гостувањето кај Честер Сити во првото коло на 13 август 2008 година. Откако стекнал повеќе искуство во првиот тим, на 5 септември 2008 година, Делф потпишал нов четиригодишен договор со Лидс. Тој го прослави својот нов договор постигнувајќи го својот прв сениорски гол следниот ден кога Лидс го победи Кру Александра со 5–2. Тој набрзо се надоврзал на тоа постигнувајќи двапати, двата „прекрасни гола“ од далечина, против Волсал за време на победата од 3–0.

Добрата игра на Делф го привлекла вниманието на менаџерите во Премиер лигата, а Арсен Венгер од Арсенал изјавил дека бара 6-милионска понуда за играчот од средниот ред, и Њукасл Јунајтед имаале понуда која била одбиена од претседателот на Лидс, Кен Бејтс. Неговите настапи, исто така, го поттикнале Стјуарт Пирс да го повика Делф за прв пат во репрезентацијата на Англија до 21 година во ноември 2008 година. Тој бил подоцна замена за Крег Гарднер бидејќи Англија ја поразила Чешка за да го освои својот прв натпревар под 21 година на 18 ноември. За време на преодниот рок во јануари 2009 година, Лидс одбил уште две понуди од Премиер лигата за Делф, при што Бејтс рекол: „Им објаснивме на двата клуба дека не се занимаваме со ситни пари“. Следниот ден тој постигнал „генијален гол“ против Брајтон и Хоув Албион, наоѓајќи го горниот агол од голот со шут следен со долго трчање. Менаџерот Сајмон Грејсон рекол: „Ако тој постигнува такви голови, неговата вредност ќе се зголеми. Сигурно нема да падне.“ И покрај вниманието на менаџерите во Премиер лигата, Делф останал со Лидс додека се затворил јануарскиот преоден рок.

До март 2009 година, настапите на Делф за време на сезоната 2008-09 му донесоа номинација за играч на годината во Лига 1, која ја освоил Мети Фрајат од Лестер Сити и му помогнал да ја освои престижната награда млад играч на годината на крајот од сезоната со име Награди во фудбалската лига. Наградите на Делф за сезоната 2008-09 не завршиле тука, Делф освоил повеќе награди и тоа награда за млад играч на сезоната, гол на сезоната, за неговиот удар против Брајтон и играч на сезоната на клупските награди. Откако Лидс загубил во полуфиналето на плејофот против Милвол, постоеле многу шпекулации за иднината на Делф во Лидс, но сепак тој успеал да игра на натпреварите на Лидс во почетокот на претсезоната, пред на крајот Лидс да ги одбие понудите од други клубови и Делф ја завршил својата преселба во Астон Вила.

Астон Вила Откако Лидс не успеал да добие промоција од Првата лига, неколку клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Евертон, Манчестер Сити, Фулам, Сандерленд, Тотенхем Хотспур и Астон Вила биле поврзани со играта на Делф. На 3 август 2009 година, Вила договорил необјавена сума со Лидс за трансфер на Делф во Вила Парк. Трансферот бил склучен следниот ден откако Делф ги завршил медицинските прегледи и ги договорил личните услови.

Рана кариера Целосното деби на Делф во Премиер лигата се слушило на домашен терен против Виган Атлетик на 15 август 2009 година, првиот ден од сезоната 2009-10 во Премиер лигата. Во натпреварот кој Вила го загубила со 2–0, Делф добил жолт картон и бил заменет во 61. минута од Стив Сидвел. На 23 јануари 2010 година, Делф го постигнал својот прв гол за Астон Вила во победата на ФА Купот на домашен терен против Брајтон и Хов Албион.

На 17 април 2010 година, Делф бил изнесен на носилки откако заработил „сериозна“ повреда на коленото на тренинг. Веднаш бил однесен на тестови за повредата. Подоцна било откриено на 19 април 2010 година дека Делф претрпел повреда на вкрстените лигаменти, што морал да биде надвор од терените околу осум месеци.

Делф се вратил во акција на 26 февруари 2011 година, во победата во Премиер лигата над Блекбурн Роверс, кога влгол во игра како импровизиран лев бек откако Нејтан Бејкер се повредил во првото полувреме.

На 3 март 2011 година, Делф потпишал нов договор со Астон Вила, каде останал во клубот до 2015 година. Тој го постигнал својот втор гол за А.Вила против Транмере Роверс во Лига Купот на 28 август 2012 година.

На 20 јануари 2012 година, Делф повторно потпишал за Лидс Јунајтед на позајмица, првично до 25 февруари 2012 година. Тој го направил своето второ деби за Лидс Јунајтед против Ипсвич Таун на 21 јануари. Делф заработил повреда на глуждот при поразот на Лидс од Ковентри Сити и се вратил во Астон Вила на лекување по повредата. Било откриено дека Делф ќе го пропушти крајот на сезоната, па неговата позајмица во Лидс не била обновена и тој се вратил во својот матичен клуб.

Во текот на сезоната 2012–13 во Премиер лигата, Делф се етаблирал како редовен играч во тимот на Пол Ламберт, завршувајќи ја сезоната со 24 настапи. Во подоцнежната половина од сезоната, Фабијан имал неколку добри перформанси и почна да покажува добро партнерство со Ешли Вествуд и Јакуба Сила во центарот на средниот ред.

Сезона 2013-14 мини|Делф како играч на Астон Вила во 2013 година Делф ја започнал сезоната 2013-14 многу блескаво и направил некои од своите најдобри перформанси во дресот на Вила. Во победата од 3–1 на гости против Арсенал на првиот ден од сезоната, Делф направил голем број успешни зафати и дриблинзи, како и комплетирање на голем број додавања со висок процент на прецизност. Тој виде дека ударот од далечина, како и низок удар од неговата омилена лева нога удрилаво внатрешноста на левата статива на голманот на Арсенал, Војчех Шчесни, многу блиску до неговиот прв гол во Премиер лигата. Неговата добра форма продолжила четири дена подоцна во контроверзниот пораз од 2-1 против Челзи, и повторно следниот викенд во поразот од 1-0 против Ливерпул. Неговиот прв гол во сезоната бил постигнат во победата со 3-0 над Ротерам Јунајтед во третото коло во Лига купот. Тој одиграл уредно еден-два со Бентеке, го искористи првиот допир за да го контролира со својата омилена лева нога и завршил со десната во голот. Неговите настапи во првите месеци од сезоната му ја донесоа наградата за играч на месецот на Астон Вила за август, септември и октомври 2013 година.

Делф го постигнал првиот гол во Премиер лигата со „гол на брутална брилијантност“ за да ја комплетира победата од 3–2 на гостувањето кај Саутемптон на 4 декември. Неговите изведби во текот на сезоната, вклучително и извонредните настапи против Евертон, Ливерпул и Челзи, резултирале поради тоа да биде избран за играч на годината од поддржувачите на Астон Вила.

Сезона 2014-15 По осознанијата дека би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната поради истекот на неговиот договор, Делф потпишал четири и пол годишен договор на 25 јануари 2015 година, задржувајќи го во Вила до 2019 година

На 7 март, Делф го постигнал првиот гол кога Вила го победил локалниот ривал Вест Бромвич Албион со 2–0 и стигнал до нивното прво полуфинале во ФА Купот од 2010 година. Победата предизвикала инвазија на теренот од навивачите, за кои Делф тврдел дека му ја украл капитенската лента додека го бакнувале и гризеле. Тој го постигна победничкиот гол во полуфиналето на 19 април, кога Вила дојде одзади за да го порази Ливерпул со 2-1 и да стигне до нивното прво финале на ФА Купот од 2000 година. На 30 мај, Делф бил капитен на Астон Вила во финалето на ФА Купот 2015 на стадионот Вембли, каде што билр поразени со 4–0 од Арсенал.

На 10 јули, Делф бил пријавен дека има медицински прегледи пред 8-милионски трансфер во Манчестер Сити. Делф никогаш не се појавил на закажаните лекарски прегледи, а потоа објавил изјава на веб-страницата на Астон Вила во која потврди дека ќе остане во клубот и нема да се пресели во Манчестер Сити. Сепак, една недела подоцна се појавиле извештаи дека Делф повторно се предомислил и дека има медицински прегледи во Манчестер Сити пред потенцијалниот трансфер.

Манчестер Сити мини| Делф играјќи за Манчестер Сити во 2017 година На 17 јули 2015 година, Делф потпишал петгодишен договор со премиерлигашкиот клуб Манчестер Сити за пријавена сума од 8 милиони фунти, само шест дена откако изјавил дека ќе остане во Астон Вила за да биде капитен во следната сезона. Тој го направил своето деби една недела подоцна против Реал Мадрид во Интернационалниот куп на шампиони во 2015 година на теренот за крикет во Мелбурн, но бил заменет по 18 минути за Хесус Навас поради повреда, а Сити загубил со 1-4. Делф го постигнал својот прв гол за Манчестер Сити на 28 ноември 2015 година против екипата на Саутемптон, втор во евентуалната победа од 3–1. Неговиот трет гол за клубот дојде во победата со 1-0 над Стеауа Букурешт во квалификациите за Лигата на шампионите во август 2016 година.

По повредата на Бенџамин Менди, Делф се етаблирал како стартен лев бек на Манчестер Сити во првата половина од почетокот на соборувањето на рекордот на тимот во сезоната 2017-18. Тој започнал 14 последователни натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи еден гол против Кристал Палас, бидејќи Сити поставил нов рекорд од 18 последователни победи во лигата. Тој бил исклучен во поразот од ФА Купот од Виган Атлетик во февруари 2018 година, а потоа имал мускулен проблем, не се вратил во форма до април.

Евертон Делф потпишал за ривалите на Сити во Премиер лигата, за екипата на Евертон на 15 јули 2019 година на тригодишен договор за почетна сума од 8,5 милиони фунти, искачувајќи се на 10 милиони фунти со додатоци. На 10 јуни 2022 година, Би-Би-Си објавил дека тој ќе го напушти клубот на крајот на месецот откако ќе му истече договорот.

На 27 септември 2022 година, Делф го објавил своето повлекување од професионалниот фудбал.

Меѓународна кариера мини| Делф играл за Англија на Светското првенство во ФИФА 2018 година