„Сон“ (српски: Сан) — југословенски филм од 1966 година, во режија на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Михаило Јанкетиќ, Љубиша Самарџиќ, Оливера Катарина, Мија Алексиќ и Љуба Тадиќ. Според темата и стилот, филмот се надоврзува на претходниот филм на Ѓорѓевиќ, „Девојка“, а заедно со уште два негови филма, „Утро“ и „Пладне“, го сочинува еден од најпознатите циклуси на југословенскиот „црн бран“. „Сон“ бил југословенски кандидат на 17. Меѓународен филмски фестивал во Берлин.РТС, In memoriam Младомир Пуриша Ђорђевић, Сан (пристапено на 25.11.2022)

Синопсис Во 1941 година, Чачак и Ужице се слободни градови. Една девојка и едно момче сонуваат за поубава иднина, но војната им ги прекинува соништата. Германската војска повторно ја освојува областа, партизаните се повлекуваат, а зад нив остануваат многу мртви...

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Српски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Филмови на Младомир Пуриша Ѓорѓевиќ Категорија:Филмови со Михаило Јанкетиќ Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Оливера Катарина Категорија:Филмови со Љубиша Самарџиќ Категорија:Филмови со Љуба Тадиќ Категорија:Филмови со Мија Алексиќ Категорија:Филмови со Синиша Иветиќ Категорија:Филмови со Бата Живоиновиќ Категорија:Филмови со Столе Аранѓеловиќ Категорија:Филмови со Фарук Беголи Категорија:Филмови на Авала филм Категорија:Филмови на српски јазик Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови од 1966 година Категорија:Партизански филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија