Томас Теје Партеј (роден на 13 јуни 1993 година, во Кробо Одумасе) — гански фудбалер, играч од средниот ред на Виљареал и на репрезентацијата на Гана.
Технички одлики Надарен со одлични физичи предиспозиции, подготвеност и издржливост, неговата примарна улога е дефанзивен играч за врска.
Клупска кариера Почетоци и Атлетико Мадрид Б Роден во Кробо Одумасе, Партеј е производ на младинските редови на локалниот клуб Одомета.FEATURE: From Odumase to Madrid: Thomas Partey has arrived ; , 17 November 2017 Тој потпишал со Атлетико Мадрид во 2012 година, по краток престој во друг шпански клуб, Леганес, и последователно бил регистриран во вториот тим една година подоцна. Во сезоната 2012-2013, Партеј одиграл 33 натпревари и постигнал 4 гола за Атлетико Мадрид Б во Сегунда Дивисион Б. Неговите одлични настапи за вториот тим му донеле повик во главната екипа за натпреварот против Реал Сосиедад, одигран на 10 март 2013 година.Oliver Torres y Thomas, novedades en la lista del Atlético (Oliver Torres and Thomas, news in Atlético's list); Marca, 9 March 2013 Сепак, тој останал неискористена замена во тој натпревар, кој Колчонерос го загубиле на домашен терен со 0-1.Prieto ends Atletico's perfect home form ; ESPN FC, 10 March 2013
На заем во Мајорка и Алмерија На 12 јули, Партеј бил позајмен на Мајорка, екипа која штотуку испаднала од Примера Дивисион.Thomas Teye Partey, nuevo jugador del RCD Mallorca (Thomas Teye Partey, new player of RCD Mallorca) ; Mallorca's official website, 12 July 2013 На 18 август, тој го направил своето деби како професионален фудбалер, во поразот со 4–0 на гостувањето кај Сабадел.El Sabadell golea y es el primer líder de la temporada (Sabadell thrashes and is the season's first leader); Marca, 18 August 2013 На 15 септември, Партеј го постигнал својот прв гол за Мајорка, вториот за неговата екипа во ремито 2–2 против Еркулес.El Mallorca dejó escapar la victoria en apenas diez minutos (Mallorca lets victory slip away in only ten minutes); Marca, 15 September 2013 Сезоната во која тој имал голема улога како еден од основните играчи на Мајорка, Партеј ја завршил со 37 настапи и 5 гола во Сегунда Дивисион плус еден настап во Купот на Шпанија.
На 27 јули 2014 година, Партеј и се приклучил Алмерија на позајмица до крајот од сезоната, со која имал можност да игра во највисоката фудбалска дивизија во Шпанија.El Almería ficha al ghanés Thomas, un centrocampista de largo recorrido y poderío físico (Almería signs Ghanaian Thomas, a central midfielder with long-haul and physical strength) ; Almería's official profile, 27 July 2014 Своето деби во Примера го имал на 23 август, започнувајќи во ремито 1-1 на домашен терен против Еспањол.Sergio García amarga la Feria de madrugada (Sergio García bitters the dawn fair); Marca, 23 August 2014 Партеј ги постигнал своите први голови (два) во највисоката шпанска дивизија на 11 април 2015 година, во победата со 3–0 на домашен терен против Гранада.El Almería pide turno por la salvación (Almería calls turn for the salvation); Marca, 11 April 2015
Враќање во Атлетико Мадрид Пред почетокот на сезоната 2015-2016, Партеј се вратил во Атлетико Мадрид, каде трајно е интегриран во првиот тим. Дебитирал во дресот на Атлетико Мадрид на 28 ноември 2015 година, во победата со 1-0 против Еспањол, заменувајќи го Лусијано Вието.Una máquina de rentabilizar goles (A goal-rentable machine); Marca, 28 November 2015 На 2 јануари 2016 година, тој го постигнал својот прв гол за Колчонерос, во победата со 1-0 над Леванте. На 28 мај, тој играл во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид, заменувајќи го Коке во 116-тата минута од натпреварот кој Атлетико Мадрид го загубил по изведување на пенали.
thumb|right|Партеј играјќи за против Локомотив Москва во Лига Европа во 2018 година. На 14 февруари 2017 година, Партеј потпишал продолжување на договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година. Во текот на следните две сезони, неговата улога во тимот станува сè поважна. На 31 октомври, го постигнал својот прв гол во европските клупски натпреварувања, израмнувајќи го резултатот со удар од далечина во ремито 1-1 на домашен терен против Карабах во групната фаза на Лигата на шампионите. Правејќи го тоа, тој станал првиот Африканец кој постигнал гол во натпреварувањето за Атлетико. По неговите импресивни настапи за клубот, тој бил награден со уште еден договор кој го потпишал на 1 март 2018 година, со траење до 2023 година. На крајот од сезоната 2017-2018, Партеј ја освоил Лигата на Европа, неговиот прв трофеј со Колчонерос, играјќи и во завршницата од финалето против Олимпик Марсеј кое Атлетико го добиле со 3-0.
На почетокот на следната сезона, Партеј освоил уште еден трофеј со Атлетико Мадрид, откако Колчонерос биле подобри од градскиот ривал Реал Мадрид со 4-2 по продолженија во Суперкупот на УЕФА. На 1 септември 2019 година, Партеј влегол како доцна замена и го постигнал победничкиот гол во последната минута од натпреварот против Еибар, помагајќи му на Атлетико да се врати од 2–0 негатива до победа од 3–2. Тој го одбележал својот 100-ти настап во Примера Дивисион за Рохобланкос со изведба за која бил избран за играч на натпреварот во ремито 0–0 против Реал Мадрид. И покрај тоа што го напуштил Атлетико на почетокот на сезоната 2020-2021, Партеј имал доволно настапи на почетокот на сезоната за да добие шампионски медал за освоената титула на Атлетико во Примера Дивисион.
Своето искуство со Атлетико Мадрид го затворил со 188 настапи и 16 голови во сите натпреварувања.
Арсенал На 5 октомври 2020 година, Партеј потпишал за Арсенал, кој ја платил сумата од 50 милиони евра предвидена во клаузулата за раскин на договорот со Атлетико Мадрид. По потпишувањето за топџиите, Партеи изјавил дека сака да му помогне на Арсенал „да се врати таму каде што припаѓа“, опишувајќи ја неговата одлука да се пресели во Англија врз основа на „желбата за нови предизвици“, а исто така голема улога за реализацијата на трансферот им припишува на менаџерот Микел Артета и техничкиот директор Еду.
На 17 октомври 2020 година, Партеј го направил своето деби за Арсенал влегувајќи како замена на местото на Гранит Џака во поразот со 1–0 на гостувањето кај Манчестер Сити во Премиер лигата. Пет дена подоцна, тој го започнал својот прв натпревар за Арсенал во победата на гости со 2–1 над Рапид Виена во Лига Европа. На 8 ноември, во средината на натпреварот против Астон Вила, тој доживеал повреда на бутот поради која ги пропушти останатите натпревари од месецот. Тој се вратил во акција на 6 декември за дербито на Северен Лондон, но доживеал уште една повреда, по што бил заменет уште пред крајот на полувремето. Арсенал го загубил дербито од Тотенхем со 2–0. Тешката прва сезона во Лондон, во која постојано се мачел со повреди Партеј ја завршил со 24 настапи во Премиер лигата, 8 во Лига Европа и еден во ФА Купот, притоа не успевајќи да постигне ниту еден гол, што била прва негова таква сезона во кариерата. Разочарувањето не било само на лично туку и на клупско ниво, откако Арсенал завршил на осмото место во првенството и не успеале да изборат учество во европските натпреварувања за следната сезона за првпат од 1995 година.
На 22 октомври 2021 година, Партеј го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал во победата со 3-1 над Астон Вила.
Репрезентативна кариера thumb|right|Партеј (горе десно бр. 5) со репрезентацијата на Гана на Африканскиот куп на нации 2021. Во мај 2016 година, Партеј бил повикан за првпат во репрезентација на Гана од страна на селекторот Аврам Грант, пред квалификацискиот натпревар за Африканскиот куп на нации 2017 против Маврициус. Токму во тој натпревар одигран на 5 јуни го направил своето деби за црните ѕвезди, влегувајќи во последните 11 минути на местото на Франк Ачемпонг во победата со 2–0. На 5 септември 2017 година, Партеј го постигнал својот прв хет-трик во кариерата во победата со 5–1 против Конго во квалификациите за Светското првенство 2018.
Во 2019 година, Партеј бил избран во 23-члениот тим на селекторот Квеси Апија за Африканскиот куп на нации 2019 во Египет. Во нивниот последен натпревар во групата, тој постигнал гол во победата од 2–0 над Гвинеја-Бисао, помагајќи и на својата земја да го освои првото место во нивната група. Во осминафиналето, тој постигнал гол во пенал-рулетот против Тунис, но неговата репрезентација била елиминирана.
Партеј ја освоил наградата за Гански фудбалер на годината во 2018 и 2019 година. Пред квалификациите за Африканскиот куп на нации 2021, Партеј бил назначен за заменик капитен на репрезентацијата. Откако Гана успешно ги минала квалификациите и се квалификувала за турнирот, Партеј одново бил повикан во репрезентацијата за да учествува по трет пат на најсилниот африкански репрезентативен континентален собир. На неколку дена пред почетокот на Африканскиот куп на нации 2021, Партеј го започнал својот прв натпревар како капитен на својата репрезентација, во поразот со 3-0 од Алжир во пријателски натпревар. На самиот турнир тој ги одиграл сите три натпревари во групата, по кој Гана била елиминирана со само еден освоен бод.
Во ноември 2022 година, Партеј бил избран во составот на селекторот Ото Адо кој ја претставувал Гана на Светското првенство 2022.
Хронологија на репрезентативните настапи
Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012-2013 Атлетико Мадрид Б СБ 33 4 - - - - - - - - - 33 4 2013-2014 Мајорка СД 37 5 КШ 1 0 - - - - - - 38 5 2014-2015 Алмерија ПД 31 4 КШ 1 0 - - - - 32 4 2015-2016 ПД 13 2 КШ 5 1 ЛШ 5 0 - - - 23 3 2016-2017 ПД 16 1 КШ 2 0 ЛШ 6 0 - - - 24 1 2017-2018 ПД 33 3 КШ 3 1 ЛШ + ЛЕ 6+8 1+0 - - - 50 5 2018-2019 ПД 32 3 КШ 3 0 ЛШ 6 0 СУ 1 0 42 3 2019-2020 ПД 35 3 КШ 1 0 ЛШ 8 1 СШ 2 0 46 4 сеп. 2020 ПД 3 0 КШ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 3 0Вкупно Атлетико Мадрид 132 12 14 2 39 2 3 0 188 16 2020-2021 Арсенал ПЛ 24 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0+0 ЛЕ 8 0 КШ - - 20 0 2021-2022 ПЛ 24 2 ФАКуп+ЛК 0+2 0+0 - - - - - - 26 2 2022-2023 ПЛ 11 2 ФАКуп+ЛК 0+0 0+0 ЛЕ 4 0 - - - 15 2Вкупно Арсенал 59 4 3 0 12 0 0 0 74 4Вкупно во кариерата 248 25 17 2 43 2 3 0 311 29
Титули Клупски Атлетико Мадрид Примера Дивисион : 1 2020-2021 Лига Европа : 1 2017-2018 Суперкуп на УЕФА : 1 2018
Поединечни Гански фудбалер на годината: 2018, 2019 КАФ Тим на годината: 2018
Наводи
Надворешни врски
Томас Партеј на soccerway Томас Партеј на transfermarkt Томас Партеј на espn Томас Партеј на whoscored
Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Мајорка Категорија:Фудбалери на ФК Алмерија Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Фудбалери на ФК Виљареал Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Живи луѓе Категорија:Гански фудбалери Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026