Расофор — првиот, најнизок степен на искушение и монашка служба во православието.

Верникот кој сака да се замонаши на почетокот се прима како искушеник во манастирот. Косата му се потстрижува во облик на крст, се читаат одредени молитви и на искушеникот му се дава право да носи расо и камилавка. Тој не дава завет и не добива ново црковно име. Искушеникот во овој степен сè уште е слободен да се врати во светот без да го прекрши своето ветување (завет) пред Бога.

Искушеникот во овој степен се нарекува уште инок или расофорен монах.

Следниот степен во монашкото служење е схима.

Наводи

Категорија:Православие Категорија:Црковни титули Категорија:Монаштво Категорија:Грцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ