Стефан Алијевиќ (1991, Гевгелија) — македонски писател.

Творештво Алијевиќ се појавил на книжевната сцена со творбите објавени на интернет-порталите „Окно“ и „Разноликост“. Во 2020 година, тој бил финалист на конкурсот за најдобар дебитантски прозен ракопис, „Новите!“, а во 2022 година ја објавил првата книга, збирката раскази „Вечерен автобус“Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 368., која го доби регионалното признание „Штефица Цвек“. Во 2025, Алијевиќ ја објавил својата втора збирка раскази, со наслов „Наназад“ (Илика, 2025). Три негови раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 341-344.

Дела од Алијевиќ досега се преведувани на хрватски, српски и албански јазик. Учествувал на неколку книжевни фестивали во земјава и регионот, меѓу нив „Друга приказна“ во Скопје, „Денови на прозата“ во Куманово и „Ревија на малите книжевности“ во Загреб.

Наводи

Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Македонски писатели