Градски стадион Куманово ― фудбалски стадион во Куманово, Македонија Се користи за фудбалски натпревари и е домашен стадион на ФК Куманово 2012 и на поранешниот ФК Куманово. Има сместивост од 2.000 гледачи. Стадионот е во лоша состојба.
Историја На 25 септември 1998 година, Репрезентацијата на Македонија го одиграла својот единствен натпревар на овој стадион. Тој ден Македонија играла против Египет при што натпреварот завршил 2-2 со присутност од 5,500 гледачи. На тој натпревар избрани биле репрезентативците Гоце Седловски, Артим Шаќири, Благоја Милевски, Срѓан Захариевски, Ока Николов, Тони Мицевски, Игор Николовски, Горан Ставревски, Џевџет Шаиновски, Влатко Гошев, Гого Јовчев, Ванчо Трајчов, Кире Грозданов, Ристо Божинов, Горан Станковски, Златко Тодоровски и Влатко Новаков.
Зоран Ѓорѓиевски кој бил кандидат за градоначалник на Општина Куманово, на локалните избори во март 2013 година, заедно со Лазар Поповски кој бил директор на Агенцијата за млади и спорт ветиле преизградба на стадионот доколку гласачите го изберат Ѓорѓиевски, тој не бил избран и не била извршена преизградба.
Во октомври 2019 година, Градскиот стадион и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.
Меѓународни натпревари Датум и време Натпреварување Противник Резултат Гледачи Наводи Македонија 15:30 Пријателски 2–2 5.500
Галерија
Наводи
Надворешни врски Градскиот стадион Куманово на Geoview.info Градскиот стадион Куманово на Europlan-online.de Macedonian Football - мрежна страница за целокупниот клупски и репрезентивен македонски фудбал Фудбалска федерација на Македонија
Категорија:Спортски зданија во Куманово Категорија:Фудбалски стадиони во Македонија Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:ФК Башкими (1947-2008) Категорија:ФК Куманово