мини|Најава за операта Фиделио во Бон на 26 ноември 1830 година. мини|Премиера на Фиделио во Холандската опера во 1949 година. Фиделио, првично наречен (Леонора, или триумфот на брачната љубов), Оп . 72 — единствената опера на Лудвиг ван Бетовен. Германското либрето првично го подготвил Јозеф Сонлајтнер од Французинот Жан-Никола Буји, а премиерата била одржана во Виенскиот театар на 20 ноември 1805 година. Следната година, Штефан фон Бројнинг помогнал да се скрати делото од три на два дела. Либретото било доработено од Георг Фридрих Трајтшке и конечната верзија била изведена во театарот Кернтнертор на 23 мај 1814 година. По договор, двете први верзии се нарекуваат Леонора.

Либретото зборува за тоа како Леонора, во политички затвор, преправена во затворски чувар по име „Фиделио“, му го спасува животот на својот сопруг Флорестан. Сценариото на Буји се вклопува во естетската и политичката перспектива на Бетовен: приказна за лична жртва, јунаштво и конечен триумф. Со својата прикриена борба за слобода и правда што ги одразува современите политички движења во Европа, ваквите теми се типични за Бетовеновиот „среден период“. Значајни моменти во операта се „Хорот на затворениците“ (O welche Lust), ода на слободата испеана од хор политички затвореници, визијата на Флорестан за Леонора која доаѓа како ангел да го спаси и сцената каде конечно се спасува. Финалето ја слави храброста на Леонора со наизменични придонеси од солисти и хор.

Состав и историја на изведби Делото има долга и сложена историја на композицијата: поминало низ три верзии за време на кариерата на Бетовен, а дел од музиката првпат била напишана како дел од претходна, незавршена опера.

Првичниот Fidelio е од 1803 година, кога либретистот и импресарио Емануел Шиканедер склопил договор со Бетовен за пишување опера. Договорот вклучувал бесплатно ноќевање за Бетовен во апартманскиот комплекс кој бил дел од големиот приградски театар Шиканедер, Виенскиот театар. Бетовен требало да постави ново либрето на Шиканедер, наречено Весталски оган (Vestas Feuer); меѓутоа, ова либрето не му се допаднало на Бетовен. Тој поминал околу еден месец компонирајќи ја музиката за тоа либрето, а потоа престанал да работи на него кога неговото внимание го привлекло либретото за Фиделио.

Времето кое Бетовен го поминал во работа на Весталски оган не било целосно изгубено, бидејќи две важни нумери од Фиделио, Писаровото „Ха! Welch' ein Augenblick! “ и дуетот „O namenlose Freude“ за Леонора и Флорестан, биле создадени како музика за Весталски оган. Бетовен продолжил да живее во Виенскиот театар извесно време откако престанал да работи на Весталски оган, и продолжил на Фиделио. Бил ослободен од обврските кон Шиканедер откако овој бил разрешен од неговата позиција како театарски директор во 1804 година. мини| Путо гледа театарска маска на споменикот на Бетовен од Каспар фон Зумбуш (Виена, 1880) во спомен на единствената опера на Бетовен, во градот каде што првпат била изведена. Самиот Фиделио, што Бетовен започнал да го работи во 1804 година, веднаш по откажувањето на Весталскиот оган, за првпат бил изведен во 1805 година. За следните изведби во 1806 и 1814 година самиот композитор го ревидирал во голема мера делото. Иако Бетовен го користел насловот („Леонора, или триумфот на брачната љубов“), драмите од 1805 година биле објавени под име Фиделио на инсистирање на театарот, за да се избегне забуна со операта од 1798 година, Леонора, или брачна љубов (Léonore, ou L’amour conjugal) од Пјер Гаво и операта Леонора од 1804 година на Фердинанд Паер. Бетовен го објавил либретото во 1806 година, а во 1810 година било изгласано да се користи името Леонора за верзиите од 1805 година (три чина) и 1806 година (два чина), а Фиделио само за конечната верзија од 1814 година.

Првата верзија била премиерно изведена во Виенскиот театар на 20 ноември 1805 година со германско либрето во три чина. Адаптацијата на направил Јозеф Сонлајтнер од Французинот Жан-Никол Бује. Дополнителни изведби биле одржани следните две вечери. Успехот на овие претстави бил попречен од фактот што Виена беше под француска воена окупација, а повеќето од публиката биле француски воени офицери кои немале интерес за германската опера.

По оваа премиера, пријателите на Бетовен му предложиле да ја ревидира и скрати операта на само два чина, што го направил со помош на неговиот близок пријател Стефан фон Бројнинг. Композиторот напишал и нова увертира (сега позната како „Леонора бр. 3“; види подолу). Во овој облик, операта за прв пат била изведена на 29 март и 10 април 1806 година, со поголем успех. Понатамошните изведби беа спречени заради несогласување меѓу Бетовен и раководството на театарот.

Бетовен, во 1814 година, уште еднаш ја ревидирал својата опера, со дополнителна работа на либретото на Георг Фридрих Трајтшке. Оваа верзија, повторно под името Фиделио, првпат била изведена во театарот Кернтнертор на 23 мај 1814 година. Франц Шуберт како 17-годишник бил во публиката, ги продал училишните книги за да купи карта. „Потпомогнат“ од Михал Умлауф, Бетовен со оштетен слух ја извел претставата. Умлауф подоцна ја извршил истата задача за Бетовен на премиерата на Деветтата симфонија. Улогата на Писаро ја презел Јохан Михаел Фогл, кој подоцна се прославил со соработката со Шуберт. Оваа верзија на операта постигнала голем успех, а Фиделио оттогаш е дел од оперскиот репертоар.

Иако критичарите ја забележале сличноста на заплетот со операта Орфеј и Евридика на Глук - спасувачка мисија во која главниот јунак мора да ги контролира или маскира своите емоции за да ја пронајде својата сопруга,"The New Orfeo: an Appreciation", in The Nineteenth Century: a Monthly Review, edited by James Knowles, Volume XXIX, 1891, p. 89ff не се знае дали Бетовен или некој на либретистите ја имал предвид при подготовката на операта.

Ова дело на Бетовен му предизвикало најмногу фрустрации и разочарувања. Тешкотиите во пишувањето и продукцијата на операта ги сметал за толку непријатни што никогаш не се обидел да состави друга. Во писмото до Трајтшке, напишал: „Ве уверувам, драг Трајтшке, дека оваа опера ќе ми донесе маченичка круна. Со вашата соработка го спасивте најдоброто нешто од бродоломот. За сето тоа ќе ви бидам вечно благодарен“.

Комплетната партитура била објавена дури во 1826 година, а сите три верзии се познати како Бетовенов опус 72.

Во Прага на 21 ноември 1814 година била одржана првата изведба надвор од Виена. Повторно била изведена во Виена на 3 ноември 1822 година. Верзијата во два чина на операта била поставена во Лондон на 18 мај 1832 година во Кралскиот театар, а во Њујорк на 9 септември 1839 година во театарот Парк.

Во Втората светска војна мини| Флорестан (Гинтиер Трептов) и Леонора (Карина Куц); септември 1945 година, Берлинска германска опера Фиделио е првата целосна изведена опера на Артур Тосканини што се емитувала на радио во Соединетите Држави, преку радиомрежата NBC, во декември 1944 година, од страна на симфонискиот оркестар NBC, во која настапуваат солистите Роуз Бамптон и Џин Пирс (иако емитувањето на еден чин, изведена од Тосканини, претходно пренесена со радио бранови, од настап на 16 август 1936 година во Салцбург). Емисиите од 1944 година, поделени во две последователни емисии, подоцн а РЦА Виктор ги издал на ЛП и ЦД."Toscanini conducts Beethoven's Fidelio" , details and reviews

Првата опера изведена во Берлин по завршувањето на Втората светска војна била Фиделио. Актерската екипа била од Дојче опера, под диригентската палка на Роберт Хегер. Била изведена во септември 1945 година во единствениот недопрен театар, Западниот театар.Conchological Miscellany, Volume 4, p. 23; The Cambridge Companion to Opera Studies, Cambridge University Press, 2012, p.45. Тогаш Томас Ман забележал: „Колкава количина на апатија им била потребна [на музичарите и публиката] да го слушаат Фиделио во Химлерова Германија без да ги покриваат лицата и да брзаат надвор од салата!Berthold Hoeckner, Programming the Absolute: Nineteenth-century German Music and the Hermeneutics of the Moment, Princeton University Press, 2002, p. 47.

Набргу по крајот на Втората светска војна и падот на нацизмот, диригентот Вилхелм Фуртвенглер во Салцбург во 1948 година напомнал:„Брачната љубов на Леонора му се прикажува на модерен поединец, вооружен со реализам и психологија, неповратно апстрактна и теоретска. . . .Сега, кога политичките настани во Германија ги вратија поимите за човечко достоинство и слобода во нивното првобитно значење, ова е опера која, благодарение на музиката на Бетовен, дава утеха и храброст. . . Секако, Фиделио не е опера во смисла на која сме навикнати, ниту Бетовен е театарски музичар, ниту пак драматург. Тој е нешто малку повеќе, комплетен музичар, а освен тоа и светец и визионер. Она што нè вознемирува не е материјалниот ефект, ниту фактот на „затвор“; кој било филм може да го создаде истиот ефект. Не, тоа е музиката, тоа е самиот Бетовен. Поради оваа „носталгија по слободата“ што тој ја чувствува, или уште подобро, нè прави да се чувствуваме; нè поттикнува до солзи. Неговото Фиделио има повеќе миси од Операта; чувствата што ги изразува доаѓаат од сферата на светото и проповедаат „религија на човештвото“ која никогаш не сме ја нашле толку убава или неопходна како денес, по сето она што го преживеавме. Ова е уникатната сила на оваа единствена опера. . . Независно од какви било историски размислувања. . . Пораката на Фиделио длабоко нè допира. Ние разбираме дека за нас Европејците, како и за сите мажи, оваа музика секогаш ќе претставува привлечност до нашата совест.Khpye, Eonikoe, "Estate and Collection of George and Ursula Andreas", The National Herald, 13 November 2010, accessed 17 April 2011.На 5 ноември 1955 година повторно била отворена Виенската државна опера со Фиделио, под дирегентската палка на Карл Бом. Овој настап бил првиот директен телевизиски пренос на Австриската радиотелевија (ОРФ), во време кога во Австрија имало околу 800 телевизиски приемници

Првата ноќ на Фиделио во Семперопера во Дрезден на 7 октомври 1989 година, по повод 40-годишнината од ГДР (Источна Германија), се совпаднала со насилните демонстрации на главната железничка станица во градот. Аплаузите откако „Хорот на затворениците“ долго време го прекинал настапот, а продукцијата на Кристина Милиц направиле хорот на крајот да се појави во нормална улична облека, што ја означило нивната улога како претставници на публиката. Четири недели подоцна, на 9 ноември 1989 година, падот на Берлинскиот ѕид го најавил крајот на режимот во Источна Германија.

Увертири Бетовен се потрудил да створи соодветна увертира за Фиделио, па на крајот имало четири верзии. Се верува дека неговиот прв обид, увертирата за премиерата во 1805 година, денес е позната како „Леонора бр. 2". Бетовен потоа се фокусирал на оваа верзија за изведби во 1806 година, па ја створил „Леонора бр. 3". Многу слушатели ја сметаат оваа втора верзија за најграндиозната од четирите увертири, и како интензивно драматично, симфониско движење со целосен размер, имала ефект да ги надвладее (прилично лесните) почетни сцени на операта. Бетовен соодветно експериментирал со скратување за планираната изведба во 1808 година во Прага. Се верува дека ова е верзијата која сега се нарекува „Леонора бр. 1“. Конечно, за повторното поставување на сцена во 1814 година, Бетовен започнал одново и со свеж музички материјал го напишал она што сега го знаеме како увертира на Фиделио. Бидејќи оваа полесна увертира се чини дека најдобро функционира како отворање на операта од сите четири, истата генерално се почитува во современите продукции.