Токиска берза — берза на хартии од вредност со седиште во Токио.

Историја мини|Главната трговска просторија на Токиската берза, една од најголемите берзи во светот. Токиската берза е основана во 1878 година. Процесот на дерегулација на јапонскиот пазар на капитал започнал во 1985 година, кога Токиската берза примила во членство ограничен број странски брокерски фирми.Cheol S. Eun and Bruce G. Resnick, International Financial Management. Boston etc.: Irwin/McGraw-Hill, 1998, стр. 10.

На 1 јануари 2013 година се споиле Токиската берза и берзата во Осака, втората голема берза во Јапонија, создавајќи една од најголемите берзи во светот.

Организација и регулација На Токиската берза, котираат над 3 500 акционерски друштва, поделени во пет оддели:en.wikipedia.org Првиот оддел ги сочинува најголемите фирми и го претставува најголемиот дел од берзата, со повеќе од 2 000 друштва. Вториот оддел е составен од средно големи компании и брои над 500 фирми. JASDAQ е дел од секторот растечки компании и брои над 750 фирми, кои претходно се тргувале на Берзата во Осака, која во 2013 година се споила со Токиската берза и ја формирале денешната Јапонска берзанска група. Одделот „Мајки“, исто така, е дел од секторот растечки фирми и брои над 240 компании ПРО секторот, кој е основан во 2009 година во соработка со Лондонската берза, брои само 19 компании.

Пазарни показатели Јапонскиот пазар на акции е третата најголема берза во светот, со пазарна капитализација од 6,2 трилиони долари во 2018 година.

„Никеи 225“ и „ТОПИКС“ се двата најважни берзански индекси на Токиската берза.

Наводи

Категорија:Берзи Категорија:Економија на Јапонија