Едер Милитао (роден на 18 јануари 1998 година, во Сертанзињо) — бразилски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација.
Технички одлики Централен дефанзивец надарен со одлични физички предиспозиции, игра во воздухот, техника и брзина. Благодарение на својата тактичка еластичност, исто така, може да игра и странично, како десен бек. Тој е добар во давањето на вертикални додавања и во промените на насоката на нападите на својот тим.
Клупска кариера Саун Пауло Роден во Сертанзињо во државата Саун Пауло, Милитао започнал да игра фудбал во младинските категории на Саун Пауло во 2010 година. Своето деби за првиот тим го имал на 14 мај 2017 година, во поразот со 1–0 на гостувањето кај Крузеиро, во воведниот натпревар на Кампеонато Бразилеиро Серија А 2017. На 12 ноември 2017, тој добил црвен картон во ремито 1-1 со Васко да Гама. Во текот на сезоната во која клубот завршил на 13-тото место, Милитао забележил 22 настапи и постигнал два гола; првиот од неговите голови бил во победата со 2–1 против Виторија на 17 септември.
Порто
На 7 август 2018 година, Милитао потпишал петгодишен договор со португалскиот шампион Порто. Тој го направи своето деби во португалската Примеира лига на 2 септември, започнувајќи во победата со 3–0 на домашен терен против Мореиренсе во која тој асистирал за првиот гол на Порто, кој го постигнал капитенот Ектор Ерера. Во текот на следните натпревари, Милитао го зацврстил своето место како централен одбранбен играч во почетните единаесет на Порто, формирајќи партнерство во срцето на одбраната со сонародникот Фелипе.
На 28 ноември, Милитао го постигнал својот прв гол за клубот во победата на домашен терен со 3–1 против Шалке 04 во групната фаза од Лигата на шампионите, со удар со глава по центаршутот на Оливер Торес. На 3 јануари 2019 година, Милитао го постигнал својот прв гол во португалското првенство, во натпревар против Авеш.
Својата единствена сезона во дресот на Порто ја завршил со 47 настапи и 5 голови во сите конкуренции и бил избран во Тимот на годината на Примеира лига.
Реал Мадрид На 14 март 2019 година, бил објавен неговиот трансфер во Реал Мадрид, кој стапил на сила на 1 јули 2019 година. За доведувањето на Милитао во својте редови, Реал му платил на Порто 50 милиони евра, а играчот потпишал шестгодишен договор со Кралевите. Тој го направил своето деби на 14 септември, влегувајќи како замена за Серхио Рамос во последниот половина час од победата со 3–2 на домашен терен над Леванте. Тој забележал 15 настапи во лигата во текот на сезоната 2019-2020, во која Реал Мадрид ја освоил титулата.
Милитао го постигнал својот прв гол за Реал Мадрид против третологашот Алкојано во шеснаесттинафиналето на Купот на Шпанија на 20 јануари 2021 година; тој го отворил резултатот со удар со глава по центаршутот на Марсело, но неговиот тим на крајот изненадувачки загубил со 2–1 по продолженија. Истата година, на 1 мај, Милитао го постигнал својот прв првенствен гол за Реал во победата со 2–0 над Осасуна.
Репрезентативна кариера На 12 септември 2018 година, Милитао го направил своето деби за сениорската репрезентација на Бразил во победата со 5-0 во пријателски натпревар против Ел Салвадор.
Тој бил повикан за Копа Америка 2019, каде играл малку (меѓудругото поради повреда, иако и не бил највисоко рангиран во хиерархијата на селекторот Тите) само во последните 15-тина минути од финалето против Перу кое завршило со победа на Кариоките од 3-1 за нивна деветта континентална титула.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 2 ноември 2022.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017 Саун Пауло А1/СП+А 0+22 2 КБ 0 0 КС 0 0 - - - 22 2 2018 А1/СП+А 14+13 0+1 КБ 6 1 КС 2 0 - - - 35 2Вкупно Саун Пауло 14+35 3 6 1 2 0 - - 57 4 2018-2019 ПЛ 29 3 КП+ЛК 6+3 0 ЛШ 9 2 СП 0 0 47 5 2019-2020 Реал Мадрид ПД 15 0 КШ 2 0 ЛШ 3 0 СШ 0 0 20 0 2020-2021 ПД 14 1 КШ 1 1 ЛШ 6 0 СШ 0 0 21 2 2021-2022 ПД 34 1 КШ 2 1 ЛШ 12 0 СШ 2 0 50 2 2022-2023 ПД 11 2 КШ 0 0 ЛШ 4 0 СШ+СУ+Скп 0+1+0 0 16 2Вкупно Реал Мадрид 74 4 5 2 25 0 3 0 107 6Вкупно во кариерата 152 10 20 3 36 2 3 0 211 15
Титули Клупски
Примера Дивисион : 2 2019-2020, 2021-2022 Суперкуп на Шпанија : 2 2019-2020, 2021-2022 Лига на Шампиони : 1 2021-2022 Суперкуп на УЕФА : 3 2022
Репрезентативни Копа Америка : 1 2019
Поединечни Примеира лига одбранбен играч на месецот: септември 2018, октомври 2018, ноември 2018, декември 2018, јануари 2019 Примеира лига Тим на годината: 2018–2019 Примеира лига Ферплеј играч: 2018–2019 Ла Лига Тим на годината: 2021–2022
Наводи
Надворешни врски
Едер Милитао на soccerway Едер Милитао на transfermarkt Едер Милитао на espn Едер Милитао на whoscored
Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на ФК Саун Пауло Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1998 година