Светскиот ден на вискито ― празничен ден посветен на вискито, основан во 2012 година и се паѓа во третата сабота од мај секоја година.
Основање Светскиот ден на вискито бил основан во 2012 година од Блер Бауман додека студирал на Универзитетот во Абердин.
Учество Учесниците се охрабруваат да пијат виски тој ден на настани кои можат службено да бидат регистрирани на мрежната страница на Светскиот ден на вискито. Други учествуваат преку социјалните медиуми користејќи го тарабното означување #worldwhiskyday.
Организаторите проценуваат дека околу 250.000 луѓе учествувале во регистрираните настани за време на Светскиот ден на вискито во 2014 година.
Во 2015 година, настаните за Светскиот ден на вискито биле регистрирани на сите седум континенти.
Продажба Средствата на Светскиот ден на вискито биле продавани во февруари 2015 година на списанието за пијалаци, Hot Rum Cow.
Признавање од шкотскиот парламент Денот бил признат од членовите на шкотскиот парламент со предлог во мај 2014 година и повторно во 2015 година.
Партнерства Мешавината на Светскиот ден на вискито била произведена во 2012, 2013 и 2014 година од стопанското друштво Master of Malt.
Денот јавно ја поддржува добротворната организација Just a Drop.
Навод
Категорија:Виски Категорија:Празници во мај Категорија:Напомени за храна и пијалаци