Карим Будиаф (роден на 16 септември 1990 година, во Ријеј Малмезон) — катарски фудбалер, со алжирско и мароканско потекло, играч од средниот ред на Ал-Духаил и на катарската репрезентацијата.

Клупска кариера Будиаф е роден во Франција од татко алжирец и мајка мароканка. Својата кариера ја започнал во родната земја играјќи во младинските категории на Лорјан и Нанси.

Во 2010 година, на возраст од 19 години се преселил во Катар, каде му се приклучил на тамошниот клуб Ал-Духаил. Будиаф целата своја кариера ја поминал играјќи за само еден клуб, забележувајќи преку 300 настапи за Ал-Духаил. Со клубот освоил 7 титули во катарското првенство, 3 купа, 4 Купа на Емирот, и два Купа на Шеихот Јасим.

Репрезентативна кариера Поради алжирското и мароканското потекло, како и фактот што е роден во Франција, Будиаф имал повеќе опции која земја ќе ја претставува на репрезентативно ниво.

Тој бил репрезентативец на младата репрезентација на Алжир под 21 година, во периодот 2010-2013, забележувајќи 19 настапи и 3 гола.

Во 2013 година, Будиаф добил карарско државјанство и решил да ја претставува оваа земја на сениорско ниво. Своето деби за катарската репрезентацијата го направил на 25 декември 2014, во победата со 1-0 над Палестина во Западноазиското првенство.

Во 2019 година, тој бил дел од составот на Катар кој го освоил Азискиот куп. Истата година учествувал со репрезентацијата и на Копа Америка 2019.

Во 2022 година, бил повикан да го претставува Катар на Светското првенство 2022 на домашно тло.

Титули Клупски Ал-Духаил Катарско првенство: 7 2010–2011, 2011–2012, 2013–2014, 2014–2015, 2016–2017, 2017–2018, 2019–2020 Куп на Катар: 3 2013, 2015, 2018 Куп Шеих Јасим: 2 2015, 2016 Куп на Емирот на Катар: 4 2016, 2018, 2019, 2022

Репрезентативни Катар Азиски куп: 1 2019

Наводи

Надворешни врски

Карим Будиаф на transfermakt

Категорија:Живи луѓе Категорија:Катарски фудбалери Категорија:Родени во 1990 година