Абделхамид Сабири (роден на 28 ноември 1996 во Гулмима) — марокански фудбалер, играч од средниот ред на Фјорентина и на мароканската репрезентација.
Биографија Роден во Мароко, тој пристигнал во Германија на тригодишна возраст, доселувајќи се со своите родители во Франкфурт на Мајна. Поседува и германско државјанство.Huddersfield seal 11th summer signing as No.10 Abdelhamid Sabiri joins from Nurnberg squawka.com
Технички карактеристики Својата кариера ја започнал играјќи како напаѓач, а потоа се спуштил во улогата зад напаѓачите играјќи како офанзивен играч од средниот ред, но доколку е потребно може да игра и како мецала. Има добра визија за играта и одлична техника на мал простор. Како амбидекстер, има опасен удар од далечина со двете нозе. Меѓу најголемите негови слабости му се брзината за позицијата на која игра и континуитетот во перформансите.
Клупска кариера Откако ја поминал својата младинска кариера во екипите на Кобленц и Дармштат 98, својата професионална кариера ја започнал во Зиген, клуб од Оберлигата - петтото ниво на германскиот фудбал. Откако одиграл одлична сезона во Зиген во која постигнал 20 голови и имал шест асистенции во 33 настапи во сите натпреварувања, тој заработил трансфер во второлигашот Нирнберг во летото 2016 година. Сезоната 2016-2017 ја започнал играјќи за вториот тим на клубот, но во јануари тој бил унапреден во првиот тим, за кој одиграл одлична втора половина од сезоната постигнувајќи 5 гола во 9 натпревари во Втората Бундеслига.
На 23 август 2017 година, Сабири потпишал за , новопромовираниот член на Премиер лигата на Англија. Своето деби за териерите го направил на 11 септември 2017, во поразот со 2-0 на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата. Искустото во Англија не било најсреќно за Сабири бидејќи тој имал само спорадични настапи за клубот, пред се поради повреди, по што неговиот договор бил раскинат со взаемна согласност на 27 август 2019 година.
На 27 август 2019, Сабири му се приклучил на Падерборн, потпишувајќи двегодишен договор со клубот. Во сезоната 2019-2020, Сабири забележал 24 настапи и 4 гола во Првата Бундеслига, но неговиот клуб испаднал на крајот од сезоната освојувајќи го последното место во лигата со само 20 освоени бода.
На 28 септември 2020, тој се преселил во италијанскиот второлигаш . Своето деби за клубот го направил во второто коло од првенството, во поразот со 0-2 на домашен терен од , додека својот прв гол во Италија го постигнал во четвртото коло, во победата со 2-1 против . На 27 декември, тој постигнал два гола во победата со 2-0 против . После првата сезона во која постигнал 8 гола, во втората работите се комплицираат за Сабири, кој бил дури исклучен од групата поради дисциплински причини, пред сепак да се врати во октомври.
На 29 јануари 2022, се пресели на заем во , со опција за откуп на крајот од сезоната.
Репрезентативна кариера Сабири играл за германската репрезентација под 21 година, за која забележал пет настапи и еден гол против Холандија.
Во април 2022, Сабири изразил желба да игра за мароканската репрезентација, потенцирајќи дека сака да ја претставува својата земја на Светското првенство 2022. Првиот повик во мароканската репрезентација го добил во септември 2022, а својот прв настап го имал во пријателски натпревар против Чиле, во кој го постигнал и својот прв гол за Атласките лавови во победата со 2–0.
На 10 ноември 2022, Сабири бил избран во составот на Мароко од 26 играчи за Светско првенство 2022 во Катар.
Хронологија на репрезентативните настапи
Наводи
Надворешни врски
Абделхамид Сабири на soccerway Абделхамид Сабири на transfermarkt Абделхамид Сабири на tuttocalciatori Абделхамид Сабири на whoscored
Категорија:Марокански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Нирнберг Категорија:Фудбалери на ФК Хадерсфилд Таун Категорија:Фудбалери на ФК Асколи Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Родени во 1996 година