мини|Анджеј Вајда и Јоана Олчак-Роникиер (2008) Анджеј Витолд Вајда (роден на 6 март 1926 година во Сувалки, починал на 9 октомври 2016 година во Варшава) — полски филмски и театарски режисер, како и активен сликар во младоста. Во сезоната 1989/1990, тој бил уметнички директор на Универзалниот театар во Варшава. Неговите филмови четири пати биле номинирани за Оскар за најдобар странски филм. Во периодот 1989-1991 година бил сенатор на 1-то свикување на Сенатот на Република Полска. Витез од редот на Белиот орел.
Филмови кои му донеле популарност и ја поттикнале т.н Полска филмска школа биле: Канал и Пепел и дијаманти, во кои ја допираат темата и времето на Втората светска војна. Направил екранизација на многу литературни дела, како што се Пепелта, Бреза, Свадба, Ветената земја, Госпоѓиците од Вилко и Господин Тадеуш. Тој го создадал киното на моралната анксиозност. Тоа е период кога биле создадени филмови со социјални теми, изложувајќи ги патологиите на комунистичкиот систем во Полска: Човек од мермер и неговото продолжение Човек од железо, кои биле награден со Златна палма на 34-ти Кански филмски фестивал. Последните достигнувања на уметникот се филмовите Катин и експерименталниот Слатко знаме. Вајда го иницирал и создавањето на Филмската група „Х“ која функционирала во периодот помеѓу 1972-1983 година, Школата за филмска режија основана во 2002 година и неговото авторско филмско студио. Театарска активност вклучувала режирање претстави во театрите во Гдањск, Варшава, Краков ( Како што минуваат годините, како што поминуваат деновите... ) и во странство.
Неговоте дела се надоврзуваат на полскиот симболизам и романтизам и биле обид да допрат до митовите за полската национална свест. За неговиот придонес во развојот на кинематографијата, многупати бил наградуван, меѓу другите и Оскар за животно дело во 2000 годинакако и со почесните награди Златна мечка, Цезар и Златен лав.
Биографија
Младост Вајда е роден во Сувалки, син на Аниела (моминско Биаловас), учителка во училиште и Јакуб Вајда, армиски офицер. Таткото на Вајда бил убиен од службите на Советскиот Сојуз во 1940 година во масакрот во Катин. Во 1942 година се приклучил на полскиот отпор и служел во домашната армија. По војната, студирал за сликар на Академијата за ликовни уметности во Краков пред да влезе во Филмското училиште во Лоѓ, каде што студирале многу познати полски режисери, како Роман Полански.
Филмска кариера
Рана кариера По стажирањето на Вајда кај режисерот Александар Форд, добил можност да режира свој филм. Генерација (1955) бил неговиот прв голем филм. Во исто време, Вајда ја започнал својата работа како режисер во театарот, меѓудругото режирајќи: Шапка полна со дожд на Мајкл В. Газо (1959), Хамлет (1960) и Двајца на лулашката (1963) од Вилијам Гибсон. Вајда подоцна снимил уште два, поуспешни филма, кои дополнително ја развиле анти-воената тема на Генерација: Канал (1957) (Специјална награда на жирито на Канскиот филмски фестивал во 1957 година, споделена со Седмиот печат на Бергман) и Пепел и дијаманти (1958) со Збигњев Кибулски.
Вајда настрана од мејнстрим комерцијалната сцена, повеќе бил заинтересиран за дела полни со симболика и алегорија. Симболите, како запалување на чаша алкохол, претставувајќи го пламенот на младешкиот идеализам што бил изгаснат со војната, често се повторувале во неговите филмови. Лотна (1959) е филм полн со надреалистички и симболични сцени и кадри, но тој успевал да истражува и други стилови, правејќи нов бран, како во „Невини волшебници“ (1960) со музика од Кшиштоф Комеда, со Роман Полански и Јержи Сколимовски (кој исто така беше ко- сценарист). Потоа Вајда го режирал Самсон (1961), приказната за Џејкоб, еврејско момче, кое се обидува да преживее за време на нацистичката окупација на Полска. Во средината на 1960-тите, Вајда го снимил Пепел (1965) врз основа на романот на полскиот писател Стефан Жеромски и режирал неколку филмови во странство: Љубов на дваесет години (1962), Сибирска дама Магбет (1962) и Порти во рајот (1968).
Во 1967 година, Цибулски загинал во железничка несреќа, при што режисерот ја изразил својата тага со Сè за продажба (1968), кој се смета за еден од неговите најлични филмови, користејќи ја техниката на филм-во-филм за да раскаже приказна за животот и работата на еден филмски режисер. Следната година тој режирал иронична сатира Лов на муви, сценарио напишано од Јануш Гловацки и краток телевизиски филм наречен Слоевитост според сценарио на Станислав Лем .
Уметничко препознавање Деценијата на седумдесетите била најплодниот уметнички период на Вајда, кога и ги снимил филмови: Пејзаж по битката (1970), Пилат и другите (1971), Свадба (1972) - филмска верзија на познатата полска поетска драма на Станислав Виспиански , Ветената земја (1974), Човек од мермер (1976), Линијата во сенка (1976), Без Анестезија (1978), Диригентот на оркестарот (1980), со Џон Гилгуд во главната улога и два психолошки филмови, според на романите на Јарослав Ивашкевич - Бреза (1970) и Госпоѓиците на Вилки (1979). Бреза учествувал на 7. Меѓународен филмски фестивал во Москва, каде Вајда ја освоил Златната награда за режија.
Вајда во тој период работи и во театар, каде ги режирал: Свири го Стриндберг или според делата на Достоевски Опседнатите и Настасја Филиповна – филмска верзија на Вајда на Идиот, Ноемвриска ноќ од Виспијански, Имигрантите од Славомир Мрожек, Аферата Дантон и Соништата на разумот.
Подоцнежната посветеност на Вајда кон растечкото движење „Солидарност“ во Полска била рефлектирана во Човек од железо (1981), како тематско продолжение на Човекот од мермер, каде што и лично се појавува лидерот на Солидарност, Лех Валенса. Вклучувањето на режисерот во ова движење ќе ја поттикне полската влада да ја затвори продуцентската компанија на Вајда. Со овој филм тој ја освоил Златната палма на Канскиот филмски фестивал.
Во 1983 година, тој го режирал Дантон, со Жерар Депардје во главната улога. Дејствието од филмот се случува во 1794 година (втората година од францускиот републикански календар) кое се однесува на постреволуционерниот терор. Направен во време на воената состојба во Полска, Вајда покажал колку лесно револуцијата може да се претвори во терор и да почне да ги „јаде сопствените деца“. За овој филм ја добил наградата Луј Делук и наградата Цезар за најдобар режисер.
Во деценијата на 1980-тите ги создал Љубов во Германија (1983) со Хана Шигула, Хроника на љубовни инциденти (1986) адаптација на романот на Тадеуш Конвицки и Опседнатите (1988) базиран на романот на Достоевски.
На овој период припаѓа и театарската режија на Злосторство и казна на Достоевски (1984) и други уникатни спектакли како што се Антигона, неговите секвенцијални верзии на Хамлет или еврејската драма Дибук. Во 1989 година тој бил претседател на жирито на 16. Меѓународен филмски фестивал во Москва.мини|Анджеј Вајда (1963)
Кариера по 1990 година Во 1990 година, Анджеј Вајда бил одликуван со награда за животно дело на Европските филмски награди, како трет режисер со такви почести, по Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Во раните 1990-ти бил избран за сенатор и исто така назначен за уметнички директор на варшавскиот Универзален Театар. Продолжил да снима филмови кои се однесуваат на времето на Втората светска војна, вклучувајќи го и Корчак (1990), приказна за еврејско-полскиот лекар кој се грижел за деца без родители или Прстен so kрунисан орел (1993) и Светата недела (1995). Во 1994 година, Вајда ја претставил својата сопствена филмска верзија на романот „Идиот“ на Достоевски во филмот Настасја Филиповна, во кој глуми јапонскиот актер Тамазобуро Бандо во двојната улога на принцот Мишкин и Настасја. Кинематографер на тој филмот бил Павел Еделман, кој подоцна станал еден од поблиските соработници на Вајда. Во 1996 година, режисерот оди во друга насока, со Мис Никој, драма за полнолетството, која ги истражува помрачните и духовните аспекти на врската помеѓу три девојчиња од средно училиште. Во 1999 година, Вајда го презентирал епскиот филм Господин Тадеуш, според епската поемата на полскиот поет од 19 век, Адам Мицкевич.
Една година подоцна, на доделувањето на Оскарите во 2000 година, на Вајда му бил врачен почесен Оскар за неговиот придонес во светската кинематографија. Во 2002 година, Вајда го режирал Одмазда, филмска верзија на неговата театарска комедија, со Роман Полански во една од главните улоги. Во февруари 2006 година, Вајда ја добил почесната Златна Мечка за животно дело на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Во 2007 година одлично е прифатен филмот Катин, кој се однесува на масакрот во Катин, кога бил убиен таткото на Вајда. Режисерот ја прикажува драматичната ситуација на семејствата, на оние кои останале и чекале да се врата нивните најблиски (мајки, сопруги и деца). Филмот бил номиниран за Оскар за најдобар странски филм во 2008 година.
Подоцна се појавува Слатко знаме (2009) со Кристина Јанда како главен лик. Делумно е однесува на краткиот роман на Јарослав Ивашкевич. Филмот е посветен на Едвард Клосински, сопругот на Јанда, кинематографер и долгогодишен пријател и соработник на Вајда, кој починал од рак истата година. За овој филм Вајда ја добил наградата Алфред Бауер на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2009 година. Тој ја добил и наградата FIPRESCI за време на Европските филмски награди во 2009 година за филмот Валенса – надежен човек. Биографијата на Лех Валенса, според сценарио на Јануш Гловацки и во главната улога Роберт Вицкиевич. Светската премиера била на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција во 2013 година. Последниот филм на Вајда Призрак (2016 година) е приказна за животот на авангардниот полски сликар Владислав Стжемински, кој настрадал од поствоената сталинистичка власт на Полска. Главната улога ја игра Богуслав Линда.
Анджеј Вајда го основал Јапонскиот центар за уметност и технологија во Краков во 1994 година. Во 2002 година отворил негова филмска школа (Вајда студио) заедно со полскиот режисер Војчех Марчевски. Студентите на Вајда студио, учествуваат на различни филмски проекти водени од познати европски филмски режисери.мини|Анджеј Вајда (2004) мини|Анджеј Вајда на сетот на Катин (2007)
2010–2016 година Во 2010 година, Анджеј Вајда го снимил документарниот филм Сними, Ако сакаш, сними го, кој како и Слатко знаме, биле посветени на Едвард Клосињски. Во јуни 2011 година, режисерот основал филмско студио заедно со Војчех Марчевски. Во декември 2011 година, започнал да го снима филмот Валенса, човек од надеж, за еден од полските водачи на антикомунистичката опозиција, Лех Валенса. Главната улога му била доделена на Роберт Виецкиевич. Анджеј Вајда за херојот на неговиот филм рекол:
„Се сеќавам на историјата на Лех Валенса, бидејќи тој е херој на нашето време, кога одеднаш околу него се собраа политичари кои сакаат да заработат нешто од тоа и се обидуваат да создадат изглед дека овој водач на работниците некако бил искористен од некој. (...) Фантастично е што се појави таков херој кој ја врати слободата на Полска и доведе до постигнување на нејзините цели без крвопролевање.“
Валенса, човек од надеж прикажан надвор од конкуренција на меѓународниот филмски фестивал во Венеција, добил позитивни критики. Критичарите го толкувале како обид за реконструкција на митот за „Солидарност“ и легендата за самиот Лех Валенса, но не го занемариле биографскиот стил на делото и представувањето на помалку славните епизоди од животот на протагонист на филмот .
Последниот филм на Анджеј Вајда е Последователни слики од 2016 година, инспириран од животот на полскиот сликар Владислав Стжемински. Филмот бил избран како полски кандидат за Оскар за најдобар странски филм.
Приватен живот Вајда бил четири пати во брак. Неговата трета сопруга била глумицата Беата Тишкевич со која ја имале ќерка Каролина (родена 1967 година). Неговата четврта сопруга била театарската костимографка и глумица Кристина Зачватович.