Бисера Костадиновска-Стојчевска (Битола, ) – македонски филолог и политичар,поранешна министерка за култура.

Животопис Бисера Костадиновска Стојчевска е роденa во Битола на 20 февруари 1986 година, каде го завршила основното и средното образование. Докторирала на Педагошкиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, англиски јазик. Станала лектор на факултетот и напредувала до вонреден професор.

На 15 јули 2020 година била избрана за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, а на 16 јануари 2022 станала министер за култура.

Активности во Собранието Како пратеничка ги имала следните активности: Комисија за образование, наука и спорт, член Комисија за труд и социјална политика, член Комисија за европски прашања, заменик-член Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Белгија, член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Унгарија, член Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член

Наводи

Категорија:Политичари од Битола Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2022 Категорија:Министри за култура на Република Македонија Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Климент Охридски“